
Жена како жена сака константно внимание, да се милува со часови, да разговара до доцна во ноќта. Ова особено важи по секс. Се потрудила околу долната облека, со часови нанесувала парфимирано млеко за тело, малку парфем зад увцето и во косата, на усните им дала вкус на свежа јагода...
По толку внимание посветено на него и на неговите желби, на крајот со целосно право чека на својата награда. Никој не вели дека и таа не уживала во магијата на чинот, но споредните работи имаат далеку поголемо значење за жените.
Милувањето пред и по сексот, бакнувањето на рамото, држењето за рака, галењето по коса, малку масажа по толку активност, тоа ја прави жената среќна. Сексот речиси и да нема значење ако ги нема овие моменти на нежност.
За девојката нема полош партнер од оној што по сексот се завртува на другата страна, се покрива преку глава и си заспива. Ќе се согласите дека навистина е непријатна ситуацијата да бидете оставена сама во ноќта и да треба да гледате по таванот колку да помине времето или уште полошо да треба да станете и да си заминете дома.
Е па, драги мои, нема потреба толку да се разочарувате и да паѓате во депресија во ваква ситуација. Ова ни најмалку не е показател дека вие сте само еден секс-робот што не е интересен по достигнување на врвот.
Постои научно и би рекле логично објаснување што го принудува мажот на ваква постапка. Добрата вест е тоа што постои начин како да се влијае на ваквиот проблем. Послушајте ги нашите совети за да го продолжите времето в кревет и да го одржите партнерот буден покрај себе.
4 причини зошто мажот заспива по сексуалниот чин:
Прва причина: сексот за мажот е патот до релаксација. Би заменил и спа-центри и масажи и сé што ќе ви падне на памет само за една секс-сесија. За нив сексот е вид на медитација преку која целосно го олабавуваат телото и духот. По толку големото исклучување од светот преку моќта на оргазмот, логично е да дојде сон на очите.
Втора причина: хормоните што мажот ги излачува за време на оргазмот влијаат тој да посака да легне, убаво да се истегне, забрзаното срце се враќа во нормала, зовриената крв се смирува и пред да се освестите, тој почнал да зева и да задремува на вашето рамо.
Трета причина: свесни сте дека сексот претставува физички и психички замор, иако сладок, сепак е замор. Голема е разликата на тоа што се случува во главата кај половите по доживувањето на оргазмот. Мажот по силната ејакулација физички се истоштува, ги отпушта затегнатите мускули, а тоа лесно води до сон.
Четврта причина: дишењето отскокнува од нормала во текот на сексуалната интеракција. Вдишувањето е ретко, а има и такви што го задржуваат здивот додека се концентрираат да достигнат оргазам. Сето тоа резултира со намален дотур на кислород во мозокот. Организмот потклекнува, работата на сите органи значително се забавува, при што се јавува голема желба за спиење која ретко кој може да ја игнорира.
Останува заклучокот: не практикувајте секс кога партнерот е уморен. Целата сексуална сензација, особено оргазмот, веднаш ќе го кутнат во креветот. Во ретки случаи, големиот умор по сексот може да биде поврзан со медицински проблем за што е потребна консултација со лекар.
Решение: решението за вашиот проблем се крие во шолја кафе. Пред секс, сварете му кафе на партнерот. Тоа ќе му го разбистри мозокот, ќе му даде поголема концентрација и сила да учествува и пред и по вашиот омилен процес.


















































