
Уште еден обичен ден во редакција пред компјутер и нова дилема што да напишеме за секцијата мажи. Но и овој пат најдовме нешто интересно, приказна од вистинскиот живот.
Новинарка, излегувала со момче нешто повеќе од еден месец. Сè било совршено бидејќи момчето покажувало голема внимателност како никој претходно. Со него можело да се разговара дури и за шопинг, козметика, чанти, чевли... Буквално уживало да ја придружува во шопинг и да ѝ кажува што ѝ стои, а што не. Тоа било пресуден момент за да помисли дека ја пронашла својата сродна душа.
Време е за големото НО... момчето никогаш не ја бакнувало вистински. Излегувале во јавност, се држеле за рака, ја прегрнувал, но никогаш не ја бакнал онака страсно. Секогаш се пречекувале и испраќале со краток бакнеж на усните. Никакви допири, никакви средби на само, а за секс не ни помислувала. Знаела дека ќе добие само ако го силува.
Дошол денот кога решила да се соочи со него и да праша која е причината за таквото однесување. Не добила конкретен одговор, освен добро познатиот изговор: „Не е до тебе, до мене е. Имам проблем за кој не можам да зборувам." Ова значело и крај на врската, за по неколку недели да го види како се бакнува со друг маж.
Ова беше доволна провокација за статијата. Останува уште да се обидеме да издвоиме показатели што се повеќе од јасни дека момчето не е тоа што се претставува.
Имате чувство дека сте излезени со другарката.
Тој е премногу нежен, фин, културен, нема ниту една од одвратните машки навики што почнаа да ви недостигаат. Внимателно ве слуша и ви дава чувство на сигурност дека можете да му кажете сè. Уште недостига да има долга коса и навистина ќе помислите дека седите со пријателката.
Не е типично машко.
Сè што е поврзано со него се разликува од другите. Начинот на кој оди, се облекува, ги движи рацете додека зборува, педантноста со која располага. Никогаш од неговата уста не можете да слушнете пцуење или нешто слично.
Не се бакнувате.
И сами знаете дека денес бакнежи се делат на секој чекор. Запознавате момче во диско или бар, по пет минути разговор веќе ви се нафрлил. Да не беше така, немаше да постои тоа што го викаме мување.
Ако по вториот состанок не ве бакне, знајте дека нешто не е во ред. Колку и да е срамежлив нема да дозволи така да помине вечерта токму од причина да не си помислите дека е чуден.
Немате сексуални односи.
Што може да не е во ред со некој што не сака да спие со вас освен ако не е хомосексуалец. Појасно и не може да биде, затоа залудно барате некакви изговори. Разбирливо е еднаш да не може, еве ќе бидеме фини ќе речеме и уште еднаш да не може, но веќе третиот пат е повеќе од доволно.






































