
Читајќи коментари на Not For Men налетавме на интересен проблем. Зачудена девојка не може да разбере како може партнерот да ја бакнува со отворени очи. Прашање на место и секако доволна провокација за да нé замисли.
Навистина е логично да се чудите како некој може да се внесе и да ужива вистински во бакнежот додека очите му се отворени. Дали бакнежот со отворени очи е лажен?
Еве кога мислиме дека е!
Се бакнувате, ги отворате очите и гледате дека неговите се отворени. Но не само што се отворени туку гледаат некаде во далечината, телевизорот, друга девојка... Не сме ние потребни за да ви кажеме дека тука нешто не е во ред.
Од километар се гледа дека човекот не ужива и дека ве бакнува механички. Или не му се допаѓа како се бакнувате или, пак, не му се допаѓате доволно. А ако при тоа гледа во друга, тогаш вие сте марионета во негови раце со која се обидува да разбуди љубомора.
Еве кога мислиме дека не е!
Ако на филм гледавте бакнеж со затворени очи или ве учеа дека кога бакнувате треба да мижите, не значи дека тоа е правило. Како што вие уживате со затворени, некој ужива во бакнеж со отворени очи. Никаде не пишува дека очите мора да бидат затворени.
Кај некои функционира само визуелната магија. Едноставно човекот ужива да ве гледа додека се бакнувате, тоа е тоа што го возбудува. Поради недостигот од фантазија, за него затворањето на очите значи пад на концентрацијата и губење на моментот.
Затоа девојки, за да бидете сигурни, слушајте го срцето. Ослободете ги сите сетила за да почувствувате дали станува збор за вистински бакнеж или за фикција. Ве бакнува со страст, не може да се насити од вашите усни, рацете му шетаат насекаде по вашето тело, а особено ужива во погледот на вашите очи... Ова е доказот што треба да го пронајдете!


















































