21mazi

Изберете подарок според хороскопскиот знак

gift

ЗА ОВЕН

Личностите родени во знакот на Овен се многу импулсивни и треба да бидете исклучително внимателни во изборот на подарок. Иако е навистина тешко да му угодите, ние ќе ви дадеме неколку предлози на  кои не би одолеал. Доколку сте финансиски помоќни, тогаш моторот е вистински избор за него. Но, доколку не е така, тогаш изберете некој комплет козметика за лице, коса, комплет за бричење или алат за во куќата.

ЗА БИК

Биковите се знакови што се карактеризираат со тоа што сакаат работи што се трајни, а не за еднократна употреба. Нема да погрешите ако му подарите бонбониера, паричник, добро вино или удобна фотелја.

ЗА БЛИЗНАЦИ

Идеален подарок за Близнаците се работи што се несекојдневни и што нема брзо да му станат досадни. Доколку сте креативни, приредете му вечера или пикник на интересно место кое ќе биде изненадување. Можете да му подарите ролери, патики или справа за вежбање.

ЗА РАК

Тргнувајќи од фактот дека Раковите се романтични души, за подарок може да изберете некоја интересна книга со љубовна содржина. Овој знак е приврзан за домот, така што нема да погрешите ако му подарите кујнски комплет или едноставно некое парче облека.

ЗА ЛАВ

За Лавот секогаш постоеле предрасуди дека сака само скапи и вредни подароци. Но, всушност и малите работи може да го израдуваат. Изберете некое уметничко дело или купете му карта за некој концерт. Доколку избирате накит, имајте предвид дека Лавот обожава злато.

ЗА ДЕВИЦА

Личностите родени во знакот на Девица се карактеризираат со перфекционизам. Особено ќе се израдуваат ако за подарок изберете елегантна облека, парфем, козметика на база на природни екстракти или комплет за опрема на работната маса.

ЗА ВАГА

Вагата е знак што го одбележува чувство на пребирлив и истенчен вкус. Нема да погрешите доколку му подарите рачен часовник, миризлив шампон  или спортско-елегантна гардероба.

ЗА СКОРПИЈА

Скорпијата секогаш сака да изгледа заносно. Изберете некое несекојдневно парче облека, капа, очила или книга со интересна митолошка или духовна содржина.

ЗА СТРЕЛЕЦ

Стрелецот е знак што се карактеризира со едноставност. Обожаваат да подаруваат и можат да се задоволат само со комплимент. Доколку сакате да им подарите нешто според нивниот хороскопски знак, тогаш изберете мечеви, подарете му патување што ќе одговара на неговиот авантуристички дух или едноставно книга со интересна научна содржина.

ЗА ЈАРЕЦ

Јарците секогаш се однесуваат критички спрема подарокот. Затоа изберете слика, алат, чевли , ремен или мобилен телефон. Избирајте подароци  што  ќе имаат е практична употреба.

ЗА ВОДОЛИЈА

Водолијата е личност што секогаш сака да изгледа модерно и тренди. Купете му некоја кошула, фармерки или фотоапарат, камера. Обожаваат медалјони и часовници.

ЗА РИБИ

Припадниците на овој знак се личности што сакаат работи што се едноставни. Доколку избирате гардероба за Рибите, тогаш нека биде во посветли нијанси. Исто така, може да му подарите парфем, очила за сонце, капа или да го изведете на романтична вечера.

(0)

КОМЕНТАР

намали | зголеми

Коментирај на овие и слични теми на notformen форумот за девојки

busy

Слични текстови
Претходни текстови од категоријата

 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Billy Zane

News image

Ryan McPartlin

News image

Hunter Parrish

News image

Danny Schwarz

News image

Robert Buckley

News image

Matt Lanter

News image

Mark Salling  

News image

Matthew Davis

News image

John Barrowman

News image

Joey Lawrence

News image

Nick Zano

News image

Jeremy Renner

Facebook Fanbox 1.5.x.0
Forum-naslovna-najava-mala_03
b
Неделен хороскоп (06-12.09)
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
Галерија: Chanel - 2010-2011
Галерија: Chanel - 2010-2011
Колку практикувате анален секс?
 

3600