picnic Испланирајте поинаков состанок
Тој секогаш ве носи на исти места,  не чекајте,  вие изненадете го и приредете му нешто ново
woman-kissing-man-under-christmas-treeНајзаљубена за новогодишната ноќ
Насмевнете се на годината која доаѓа, љубете и уживајте додека сте љубени!
stava_mirisЕдноставно заведете го со мирис...
Допрете до неговиот нос и ќе можете да допрете и до неговото срце!
lovi1Упорноста на мажот кој не ви се допаѓа
Дали таков е кругот на животот, не сакаат оние што не ги сакаме, а ги сакаме оние што не не сакаат?

7 грешки во освојувањето на неговата љубов


free_woman

За да не се прашувате зошто сé уште сте сама, а знаете дека важите за супердевојка, прочитајте за десетте грешки што најчесто ги прават жените во контактите со спротивниот пол.

Грешка број 1: Во секоја пригода ја потенцирате својата самостојност!

Ако девојките паѓаат на лошите момчиња, кај мажите е обратно. Нежноста е тоа што отсекогаш  знаело да запали кај маж. Мажите уживаат да ја играат улогата на ваш заштитник. Цврстата и самостојна девојка која никогаш нема потреба од неговата помош, е нешто што им е тешко да го разберат.

Грешка број 2: Се трудите да ве засака со сила!

Што правите кога некој НАВИСТИНА ви се допаѓа? Нормално, постојано се вртите околу него, како пчела на цвет. Колку и да му се јавувате, да го следите низ кафулињата, не можете да промените нечии чувства. Со текот на времето можеби и ќе ве засака, но мора да му оставите простор за тоа.

Грешка број 3: Постојано чекате негово одобрување!

Нормално дека никој не сака да биде третиран без почит, но не можете секогаш да барате негова согласност. Ако знаете дека и тој има чувства за вас, нема потреба да чекате состанок само кога тој е расположен за тоа. Тој сигурно се надева и на ваша иницијатива.

Грешка број 4: Прерано ги откривате своите чувства!

Привлечните момчиња секогаш се опкружени со девојки. Со оглед на тоа што имаат излезено со половина од нив, може да се пофалат со своето искуство. Таквите момци  знаат што може да очекуваат од жена. Немојте да мислите дека ако рано му кажете дека го сакате, ќе го оттргнете од другите девојки.

Грешка број 5: Мислите дека не сте доволно убава за него?

Голем број девојки ја прават оваа грешка. Точно, мажите чувствуваат сексуална привлечност кон убавите девојки, но тоа не е пресудно. Зарем мал е бројот на убавите момци што излегуваат со не толку убави девојки? Правилниот говор на телото и вистинските зборови може да направат да го имате секое момче.

Грешка број 6: Не знаете како да се однесувате во присуство на машко!

Да се надоврземе на претходната грешка, значи однесувањето во секоја смисла може да ја промени судбината. Да се разбереме, тој е свесен дека ви се допаѓа и дека копнеете да го бакнете. Но, не секогаш ќе ја имате среќата да ви помогне и прв да го скрши ледот. Бидете итра и покажете смелост во секоја ситуација, од барањето број, па сé до бакнувањето.

Грешка број 7: Не барате помош!

Ова е можеби најголемата грешка од сите. Знаете каква е вашата ситуација и пак седите и не преземате ништо околу тоа. Можеби не ви е судено сама да успеете. Зошто не ги прашате другарките за совет? Разговарајте со нив и замолете ги да ви помогнат. Искусните сигурно ќе знаат како да ја променат вашата несигурност, може и да ви покажат неколку трикови.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?