
Научниците конечно дојдоа до одговорот на прашањето кое сигурно секоја од вас си го има поставено после гадната расправија или раскинување на врската. Си велите камо да можев да живеам без него!
Ќе ве утешиме со фактот дека и тие помислуваат на истото. Колку и да делуваат храбро или самостојно, сепак имаат исконска потреба да заспиваат и да се будат покрај жена. Всушност и нема потреба да бараме логика во сето ова, се е дело на природата.
Сепак постојат луѓе во светот кои секојдневно се обидуваат да навлезат во суштината на машко-женските односи. Па така група научници решиле да откријат што е она што го поседува мажот, а што може да заслепи жена.
Можеби ќе се зачудите, но одговорот вели дека се работи за нивната ПРЕДВИДЛИВОСТ.
Зошто е добро да бидеш предвидлив?
Постојат неколку добри аспекти од машката предвидливост. Меѓу најзначајните е лесното наоѓање на партнерка. Секој маж има листа на приоритети кои ги бара во една жена, а со тоа автоматски го стеснува својот избор.
За разлика од нив, ние жените сме склони на промени. Однесувањето лесно го прилагодуваме во секоја ситуација и до крајот на животот можеме да се сомневаме во нашиот избор, иако веќе детската соба ни е полна со деца.
Зошто ја сакаме нивната предвидливост?
Научниците велат дека машката предвидливост всушност нуди сигурност по која жените патат. Тука можеби се крие и причината што ние повеќе се врзуваме за нив и што сакаме да останат покрај нас за цел живот.
Сме го научиле да ни се јавува после секоја кавга и тоа е така до крај. Нема поместување на правилата. Колку сакате викајте на него, тој пак ќе најде начин да ве смири. Дури понекогаш ви доаѓа да му речете, аман сега требаше да ми спуштиш слушалка!!!
.gif)






















.gif)























