
Запознавте згоден фраер, се ви одеше според планот и ви се чинеше дека ќе биде совршено, но тогаш дојде моментот да го соблечете...Еве неколку изненадувања (пријатни или непријатни) кои може да ве очекуваат во неговите пантолони.
Тој е ПРЕГОЛЕМ
Многу од мажите би дале се за некој сантиметар повеќе, но едноставно супер долгиот пенис вас не ве импресионира. Уште додека страсно се триете еден од друг, пред да прејдете на соблекувањето, чувствувате дека се работи за озбилен примерок. Но кога тој го раскопча шлицот, излезе чудовиште кое ја уништи вашата желба за секс. Но полека, колку и да се чини голем, тешко дека ќе најдете примерок со кој нема да знаете како да се справите. Вагиналните мускули се лесно прилагодливи, особено кога сте возбудени. Ако се најдете пред ваква гооолемаааа дилема, земете или оставете, помогнете си со долга предигра. Нека пенетрира во вас, полека, милиметар по милиметар. Кога ќе ги совладате неговите димензии, заземете поза, вие врз него.Така ќе можете да ја контролирате пенетрацијата. Или водете љубов стоечки, потпрени на ѕид.
Нешто е КРИВО
Ако работите тргнат на криво, односно, ако пенисот на вашиот нов партнер потсетува на бумеранг не треба да се збуните. Ако само малку е накривен, тоа не е некој голем проблем. Ако пак е многу крив, тогаш најверојатно се работи за некоја болест. Лекарите даваат различно објаснување дека до таква појава може да се дојде како последица на претерано мастурбирање или пак да се добие наследно. Но што и да е, охрабрувачки е фактот дека ваквото накривување не го намалува вашето сексуално задоволство. За ваквиот тип на пенис, најдобро е да употребите странична поза со бавно и постепено пенетрирање.
МИКРО пенис
Постојат и микро-пениси, кои иако функционираат нормално и го имаат истиот облик, не се подолги од неколку сантиметри. Најмалиот регистриран пенис во медицинската литература е долг 2.54 сантиметри. Мажите со вакви пениси многу побрзо ејакулираат, осетливи се на стимулации, па затоа не очекувајте предолга предигра. Најдобра поза во овој случај е кога жената е одозгора.
ЦРВЕН и РАПАВ
Ништо не може така нагло да ве отрезни од сексуалната возбуда, како пенис кој изгледа болно. Црвенилото на пенисот може да биде како резултат на алергија од кондомот, но може да биде и последица на некоја болест како херпесот или гениталните брадавици. Доколку забележите необично црвенило или рапава кожа на некои места не ви преостнува ништо друго, освен да го испратите кај лекар. Не пристапувајте на секс додека лекарот не дијагностицира за што станува збор. Доколку симптомите ги забележите по сексуален однос, тогаш морате и вие да го посетите гинекологот.
.gif)






















.gif)























