42-22364662Дали тој сеуште мисли на бившата?
Не е лесно да дознаете дали вашиот партнер засекогаш ја преболел бившата....
dvajcata_gledaat_nadoleШто мисли кога ставате крај?
Како размислува кога му велите дека сакате да раскинете со него?
elena1Доведете го до лудило!
Бидете вистинска тигрица во кревет...
vibrator3Топ 6 секс-играчки за вашата врска
Според анкета на NotForMen:17% од македонските жени користеле секс-играчка.

Тој е преубав, но...

boreddd

Се согласуваме дека за добрите работи понекогаш треба да се трпи и пати, но кога подобро ќе размислите...што е тука добро? Ова може да ви се случи кога ќе запознаете некое згодно момче кое ве остава без здив само кога ќе го погледнете. Но, подоцна доаѓате до заклучок дека ова момче има особини што не ви се допаѓаат и ужасно ве иритираат. Знаеме дека е глупаво да им објаснувате на оние околу вас зошто сте откачиле ваков преубав тип поради тоа што подждригнува или шлапка додека јаде. Но, тажна е вистината кога со секој негов нов потег ви оди на нерви. Не знаете како тоа да го промените? Бидете суптилни, натерајте го да се замисли и да размисли како тоа сам да го промени.

Јаде со отворена уста...

Додека јаде, можете да му ги преброите сите пломби. Искористете ги благодатите на дигиталната доба. Кажете му дека првпат гледате некој што толку ужива во храната и дека мора да го снимате со мобилниот додека јаде. Мажите се визуелни типови. Кога ќе му ја покажете снимката и кога ќе види колку лошо изгледа додека јаде, ќе се подзамисли и сигурно ќе се потруди тоа да го смени.

Не мириса баш како цвеќе...

Неговите телесни миризби понекогаш се неподносливи. Но, незгодно ви е да му кажете за да не се навреди. Затоа поклонете му гел за туширање или некој дезодоранс со пријатен мирис и кажете му дека тој мирис особено ве возбудува. Изненадете го со брз секс следниот пат кога ќе излезе од туширање и почнете мирисот на дезодорансот или гелот за туширање да го поврзувате со сексот. Така ќе го натерате да ги користи секојдневно и тоа по неколку пати.

Нема навика да ги мие забите...

Судејќи по лошата миризба на здивот, мислите дека тој не ги мие забите. За да се поштедите, заплашете го со приказната за некој ваш пријател кој не сакал да ги мие забите или, пак, се плашел да оди на стоматолог, поради што подоцна останал без повеќето од забите. Кажете му дека поради тоа морал подоцна да плати голема сума пари за да му стават нови и да помине неколку месеци на стоматолошкиот стол. Во меѓувреме, прашањето со лошиот здив решете го со гума за џвакање.

Ги зема вашите работи без прашање...

Почна да се однесува премногу слободно и во вашиот простор да се чувствува како да е дома. Тој смета дека сè што е ваше е и негово. Како сè да е нормално, ви го зема последниот ред од чоколадата, колачот од фрижидерот или си ги носи дома списанијата што сте си ги купиле. За да му дадете до знаење дека тоа ви пречи, следниот пат кога ќе бидете кај него, земете му нешто што навистина многу го сака и однесете си го дома. Ако се бунтува, кажете му дека сте мислеле дека нема да му пречи бидејќи и тој го прави истото. Сигурно, следниот пат кога ќе дојде кај вас, ќе побара дозвола кога ќе сака да понесе нешто со себе.

Редовно доцни...

Тој редовно доцни. На вашиот состанок понекогаш доцни и по половина час, а тоа вам ужасно ви пречи. Тој дури задоцни и на вечерата на која требаше да се запознае со вашите родители. Но, тој тоа го прави затоа што знае дека може и дека му е дозволено. Знае дека секогаш кога доцни не ви е никаков проблем да го почекате или пак да го оправдате пред другите. Сменете ја тактиката. Следниот пат кога ќе задоцни, кренете го сидрото, малку нека се замисли.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?