42-18160536Кажете му во што уживате
Секогаш имајте позитивен пристап при разговорот за сексуалните желби...
nadvorseksШто мразат мажите во кревет?
Има некои работи што и мажите не можат да ги поднесат...дознајте кои се тие.
nadvor_slika_1Секс митови за мажите
Откријте ја вистината зад 7-те заблуди поврзани со мажите!
listaДознајте зошто се уште сте сингл!
Држењето за однапред скроена слика со точки и потточки е најголемата грешка.

Само колега или нешто повеќе...?

42-22700534

Колегата од работа секојдневно ви дели комплименти, на пример дека секси изгледате во тоа што го носите или, пак, веднаш ја забележува и ја пофалува вашата нова фризура. Тоа не го сфаќате како нешто необично. Комплиментот го доживувате како истото да ви го кажала и вашата најдобра пријателка. Но, сте се прашале ли некогаш дали низ неговата глава се моткаат мисли за тоа како вие изгледате под облеката.

Бидете сигурни дека е така! Многу мажи, дури и оние што се во среќни врски, имаат сексуални фантазии за колешките од работа. Шегите и прегратките не мора да значат апсолутно ништо, освен што ќе го поткренат вашето его. Но ако забележите дека прави нешто од следново, а немате намера со него да имате ништо повеќе од пријателство, тогаш време е малку да го „оладите":

1. Кога разговара со вас, секоја негова реченица почнува и завршува со секс. Кажете му дека би било подобро неговите сексуални фантазии да ги зачува за некоја што навистина ќе ја интересираат.

2. Не престанува со комплиментите и ги става своите раце таму каде што не им е местото. Кажете му, од околу, но никако со дрскост, дека сте добро запознаени со сексуалната злоупотреба на работното место.

3.Тој за роденден или за некој празник ви испраќа СМС-пораки со провокативна содржина. Кажете му дека ви е жал што вашиот симпатија не се сетил да го стори истото.

4. Ве покани кај себе дома, заедно да работите на новиот проект , но кога пристигнавте, наидовте на интимна атмосфера и шише вино што се лади. Кажете му: „Не знаев дека на некоја ѝ подготвуваш романтична вечера, сигурно сум го погрешила денот", и заминете си.

5. Ве праша дали некогаш сте имале секс на работно место и ако не сте, дали би сакале да имате. Одговорете му дека отсекогаш сте сакале, но дека досега не сте нашле колега што физички ве привлекува.

6. На забавата од работа, во пијана состојба ви кажа дека сексуално го привлекувате. Направете се дека не сте го слушнале и заминете си. А следниот ден дајте му до знаење дека сте испиле малку повеќе и дека на многу работи не се сеќавате.

Ако овие постапки не го „оладат", најдобро ќе биде отворено да поразговарате со него. Но, ако ви се допаѓа, тогаш само напред. Романсите на работа може да бидат многу секси, спонтани и непланирани. Па макар понекогаш и пребрзи.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?