
Мажите се многу едноставна направа. Доколку сакате да го поседувате најдобриот дел од машкото тело, не ви е потребно да пребарувате по проспекти за да ги најдете најсовремените решенија. Доволно е да го посетите најблискиот секси-шоп и да си одберете големина и боја. Но, кога мажите ќе се најдат пред ваква задача, тогаш се појавуваат дилемите. Постојано размислуваат во врска со проблемот, но тешко доаѓаат до соодветното решение бидејќи често се случува да се родат нови дилеми. Кои се најчестите мистерии за кои размислуваат мажите во врска со жените?
Смисла за хумор
Неверојатно е колку жените тврдат дека кај мажот најважна им е смислата за хумор. Мажите веднаш си помислуваат дека ќе научат 5-6 вицa и жените ќе „паднат" на нив. Иако сакаат да слушаат вицови, сепак, мажот мора да биде духовит и додека зборува за обични работи. Но, ова правило не важи кај сите жени зашто ако мажот е премногу згоден, не им е важно дали тој е духовит или не. Тие веднаш почнуваат да го соблекуваат со поглед и да замислуваат како водат љубов со него. Во овој случај и ако молчи како риба, не е трагично, жената сигурно ќе рече -„Леле колку е згоден, го обожавам".
Жените и женското телефонирање
Додека таа разговара со својата не толку важна пријателка, мажот погледнува на часовникот и си мисли: „Па таа разговара веќе цел час".За целото тоа време, тој ќе ги прочита сите весници, ќе ги измие садовите, ќе провери што недостига во фрижидерот, ќе си направи кафе и ќе запали цигара....кога одеднаш, не може да им поверува на своите уши, таа го исклучува телефонот. Само што посакал да седне во дневната соба и да го гледа фудбалскиот натпревар, таа повторно ја зема телефонската слушалка в рака со оправдување дека мора да се јави кај колешката од факултет во врска со скриптата од заостанатиот испит. И овој разговор не трае помалку од половина час. Мажите никогаш нема да разберат дека жените секогаш имаат што да си кажат.
Женската депилација
Жените секојдневно извршуваат насилство врз своето тело. Секое влакно им пречи. Влакната на нозете ги депилираат уште од рани години. Набрзо доаѓа и депилацијата на вагината, а веднаш потоа ги отстрануваат влакната и на рацете, на надусниците, па дури и на градите. Некои, пак, прават третман што го зафаќа целото лице. Жените го сакаат чувството кога си мислат дека на нивното тело никогаш не израснало ниту едно влакно. Некои одат предалеку со тоа што ги тераат своите партнери да ги депилираат градите, нозете, па дури и рацете. Од каде доаѓа сета таа фрустрација? Колку долго ќе трае? Зошто жените сè повеќе се плашат од малите, а и од оние најмалите можни влакна. Што мислите, може ли таа мистерија да се реши?
.gif)






















.gif)























