
Повеќето жени се преоптоварени со својот изглед. Постојат и стандарди според кои жените се „оценуваат" едни со други, но дали на мажите воопшто им се важни овие работи? На мажите не им се важни стандардите што жените ги поставуваат во врска со својот изглед. Но, тоа не значи дека жената не треба да се грижи за својот изглед. За да го дознаете одговорот, еве неколку факти што ќе ви помогнат да го сторите тоа:
- КОСА
Жените што ја бојадисуваат својата коса мора тоа да го прават често, дури и кога коренот ќе им подрасне само еден сантиметар. Но, мажите тоа го доживуваат така како што жените ќе им го претстават.
- ДЕПИЛАЦИЈА
Кога е во прашање депилирањето на интимните делови, некои сакаат поткастрено, некои пак преферираат бразилска депилација или некоја посебна форма. Што се однесува до влакната на останатите делови од телото, мажите ќе ги забележат само тие што се темни, густи и кога ги има на места каде што не би требало да бидат, како на пример на лицето, нозете и на рацете. Меѓутоа, кога жените се опседнати со секое влакненце на нивното тело, дури и тоа што не се забележува, на мажите тоа им изгледа сосема лудо. За нив нозете и интимните места се најважниот дел кој треба секогаш да биде мазен.
- МАНИКИР И ПЕДИКИР
Некои мажи ги сакаат долгите нокти кај жената, некои не, некои немаат ништо против јаките бои на ноктите, а на некои, пак, не им се допаѓаат. Но, дури мажите кои забележуваат сè, нема да забележат ниту 10 % од деталите кога се во прашање ноктите, маникирот и педикирот.
- СТРИИ И ЦЕЛУЛИТ
Повеќето мажи нема да го доживеат тоа како некаков проблем, освен ако жената цело време не им зборува за тоа како за свој голем проблем. Важен им е изгледот на жената што е покрај нив, но не и секој детаљ.
.gif)






















.gif)























