
Во името на љубовта и долгата врска што навистина беше прекрасна се одлучувате да направите жртва и да направите последен обид за да опстанете како пар. Се плашите да останете сама, сè уште го сакате партнерот и во ред е да се борите за него. Проблемот е што истовремено ви значат и вашите принципи. Едноставно не сакате да се негирате самата себе бидејќи знаете дека тоа може многу да ве чини во иднина.
Денеска му простивте за една работа за која што велевте дека нема шанси да ја простите, утре ќе простите за друга...за на крај да излезете девојка без став со која лесно може да се поигрува. Навистина сте пред сериозна одлука, но внатрешниот конфликт мора да се реши. Повторно потпрете се на старата анализа на своето однесување, одговорите ќе ви го донесат и одговорот на клучното прашање: Дали треба да добие втора шанса?
ДАЛИ ПРИМЕНИ БАРЕМ ЕДЕН ВАШ СОВЕТ?
Вие кажувате што сакате...што не сакате..., а тој само слуша или и учи, разлика има? Ако ништо не променил, тогаш залудно се надевате дека времето ќе донесе нешто ново. Но, ако греши и веднаш се поправа знаејќи дека тоа ви пречи, тогаш дајте му простор да се навикне на правилата.
ДАЛИ ПОСТИГНА УСПЕХ ВО ВАШИТЕ ОЧИ?
Му се пожаливте дека непријатно се чувствувате кога ќе испие повеќе отколку што треба. Едноставно неговото пијанство не ви се допаѓа и тогаш не сакате да бидете во негово присуство. Само за да не го жртвува времето што може да го помине со вас, тој почна да пие со мерка.
ДАЛИ ГИ ПОЧИТУВА РОКОВИТЕ НА ВАШИТЕ МОЛБИ?
Бидејќи никако не успевате да најдете време, го замоливте да ви ги среди документите потребни за издавање нова лична карта. На крајот и сами се зачудивте зошто воопшто му спомнавте кога знаевте дека ништо нема да направи, само се изнервиравте.
ДАЛИ ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦОТ ВИ ПРИРЕДИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ?
Едноставно не можете да кажете дека е лошо момче што мисли само за себе. Секогаш ве тера да си го гризнете јазикот штом го кажете тоа. Дали е тоа романтична вечера или вашата омилена чоколада, човекот мисли на вас.
ДАЛИ ЌЕ БИДЕ БЛАГОДАРЕН ЗА ДАДЕНАТА ШАНСА?
Кога ќе размислите, па вие досега му дадовте неколку шанси што тој сам ги прокоцка. Се изнаслушавте бесмислени оправдувања и едноставно не сакате повторно да ја повредува вашата интелигенција.
.gif)






















.gif)























