couple_eat_susiЗошто 5-от состанок е пресуден?
Најдоброто време за да дознаете дали вреди да одите со него за сериозно!
vrz_nego_u_krevetДоведете го до лудило!
Искористете ја моќта на ерогените зони за да го доведете до лудило.
ignor1Не ве љуби доволно?
Дали и вие ја ставивте љубовта на кантар, а резултатот ве исплаши?
42-16400322Читајте меѓу редови
Зборовите кажани од негова уста, додека сте во љубовна прегратка, многу зборуваат за него.

Зошто тој избега од мене?

scared

Запознавте преслатко момче, си разменивте броеви...По неколку дена ве повика повторно да се видите. Вечерта во диско супер се забавувавте, а потоа следеа секси СМС-пораки и целовечерни разговори на телефон со него. Една вечер дури и преспавте кај него....и тогаш сè исчезна. Не ви се јави повторно, не одговара на вашите пораки, кога му се јавивте, рече дека е во мешаница и дека ќе ви се јави, но тоа не се случи. Кончено го уловивте во една од нашите дискотеки, а тој почна да се вади од ситуацијат „Ама, знаеш...јас...не сум подготвен за сериозна врска....извини".

Зошто ни го прават тоа?

Затоа што можат! Мажите имаат проблем со блискоста и врските. Кога врската почнува да станува сериозна, се чувствуваат заробени. Пребрзото врзување и преголемото разменување чувства, кај мажите предизвикуваат паника.

Друга причина може да биде таа дека се плаши да биде оставен, па затоа тој го презема првиот чекор. Полесно е да оставиш отколку да бидеш оставен.

Третата причина и најболна е дека можеби имал преголеми очекувања. Во неговите соништа, љубовта мора да биде совршена, а ако не ја остварил таа идеалност, кривецот секако е погрешната девојка, односно вие.

Не бидете наметливи...

Кога ќе забележите дека неговите чувства не се со истиот интензитет како на почетокот, можете ли нешто да преземете?

За жал, не!Ако сака да се тргне од вас, не можете да го спречите, без разлика која и да му е причината. Проблемот е во тоа што ние жените не можеме тоа така лесно да го прифатиме. Па затоа постои ризик да станете наметливи, а така само ќе добиете спротивен ефект. Но, ако сепак сакате да расчистите најпријателски, тогаш испратете му СМС-порака во која ќе напишете дека е штета што се завршило на ваков начин и дека може слободно да ве побара ако сака да разговарате во врска со тоа. Ништо повеќе од тоа! Немојте да ги анализирате неговите емоционални проблеми и престанете да анализирате што всушност се случило помеѓу вас двајца. 

Совети:

Не губете ја главата!

Можете да бидете заљубени, но имајте контрола над сопствениот живот

Не мешајте го сексот со љубовта!

За вас сексот е знак на длабока поврзаност, а за него сексот е само секс.

Играјте со отворени карти!

Не плашете се да го прашате за каква врска е подготвен

Внимавајте на неговите сомничави изјави!

Ако уште на првиот состанок ви каже дека вие сте жената на неговиот живот, прашајте се дали тоа се однесува на вас или се работи за некоја негова идеална проекција.

Не заборавајте!

Ако ве остави или ако ве повреди, значи дека не бил доволно вреден за вас, а од таквите подобро да се тргнете порано отколку подоцна.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?