
Постои она нешто што мажите може да ги „тресне од земја" кога ненадејно и не најавено ќе видат личност од спротивниот пол. Често, тие не знаат да објаснат што е тоа, но остануваат заплеткани во мрежата на чудесниот пајак со прекрасно тело и прекрасен сјај во очите. Што ги провлекува мажите кога ќе ја видат жената прв пат? Женските атрибути мажите ги делат на два дела: физички и психички... Да, и секогаш гледаат по други жени, без разлика колку е совршена таа што е покрај нив.
Коса
Најубаво е кога мажот ќе види чиста, бујна грива која паѓа на вашите раменици додека се движите. Должината не е пресудна, само треба да биде негувана. Нема поубав мирис од коса која што е штотуку измиена или чувството кога раката ти се лизга по должината на косата. Ако сакате да оставите силен впечаток на прв поглед кај некое момче, тогаш вашата коса мора да изгледа совршено.
Лице
Полните усни, искубаните веѓи, густите трепки...кога жените би трошеле повеќе време на утринскиот секс отколку на шминкањето, нема да има војни. Најлошото нешто што жената може да направи со своето лице е да почне да го разубавува. Секако потребно е негување, но не да се правите нешто што не сте. Кога ќе му се доближите на некое момче со 5 тони пудра на вас, тој ве гледа како семафор. Лицето на жената е најубаво кога искрено се смее. Не е потребно ништо друго.
Гради
Кога жената ќе облече деколте, а нејзините гради се доволно изразени, тогаш нема веќе гледање во очи. Вниманието на мажите е свртено кон вашите гради. Ако сакате да привлечете внимание, тогаш истакнете ги важите гради. Но внимавајте тоа да не биде вулгарно. Не мора да им ги „извадите на тацна", но можете тоа да го направите доста интригантно и привлечно со само благо отворено деколте и градник кој ќе ги подигне вашите гради.
Задник
Задникот е дар на природата, украс на светот. Кога жената ќе се "стегне" во тесни фармерки и злобно ќе го истакне својот задник или кога тој наликува на глобус, мажите се способни да го одложат пивото со пријателите, а понекогаш дури ја губат и дарбата за говор...
.gif)






















.gif)























