
Не треба да се претерува со хуморот, бидејќи тој може да прејде во трагедија
За повеќето момци, смислата за хумор е една од водечките карактерни особини кои секој жена треба да ги поседува. Жената која има смисла за хумор се смета за позитивна и ведра личност, а тоа им се допаѓа на мажите. Но секако, не треба да се претерува со хуморот, бидејќи тој може да прејде во трагедија. Смислата за хумор има свои граници кои треба да се почитуваат и затоа треба да внимавате да не ги преминете. Еве неколку работи за кои не смеете да се шегувате со вашиот партнер, колку и да ви изгледаат интересно и смешно:
НЕ СЕ ШЕГУВАЈТЕ НА СМЕТКА НА НЕГОВИТЕ МААНИ
Доколку забележите дека тој има некакви маани, никако не смеете да го задевате и исмевате за тоа. Така само ќе му набиете комплекси и тој ќе почувствува дека не е доволно секси за вас и не ве возбудува. Тоа може да го направи несреќен бидејќи ќе се почувствува не доволно сакан од ваша страна. Сигурно и вие имате некои маани, па сепак тој не ве задева за тоа, туку со неговите комплименти прави да се чувствувате како да сте најубавата девојка на светот. Без разлика што тој припаѓа на посилниот пол, сепак имаат потреба од комплименти кои вие ќе му ги поделите. Размислите малку, сепак никој не е совршен.
НЕ ПРАВЕТЕ ШЕГИ НА СМЕТКА НА НЕГОВАТА МАЈКА
Секогаш шегувајте се на своја сметка, бидејќи хуморот е еден од најомилените и најбарани карактеристики на бракот. Но никако не смеете да се шегувате на туѓа сметка, а посебно не на сметка на неговата мајка. Иако можеби не е совршена, таа е сепак мајка на вашето момче, негова крв, кон која треба да се однесувате со максимална почит. Доколку го правите спротивното, така само вие можете да изгубите. Ако вие немате доволно почит за неговата мајка и тој ќе нема почит кон вас. Затоа, ако сакате да се однесуваат коректно со вас, тогаш и вие однесувајте се коректно кон другите, а посебно кон неговата мајка, бидејќи добро е позната поврзаноста на синовите со мајките.
ТИПОТ НА СЕКС ЗАВИСИ ОД ГОЛЕМИНАТА НА ПЕНИСОТ
Големината на пенисот која жената ја сака често зависи од нејзината моментална ситуација и активност за која размислува.Доколку размислува за прв вагинален секс, секој пенис ќе и изгледа преголем и застрашувачки. Доколку жената размислува за анален секс, може да донесе одлука да го искуси во зависност од големината на пенисот. Доколку сака орално да го стимулира партнерот, можеби ќе биде задоволна со помал пенис затоа што поголемиот во устата ќе предизвика или гушење, или нагон за повраќање, или поради него ќе ја болат мускулите на лицето. Женските фантазии, не се цврсто дефинирани.
НЕ СЕ ШЕГУВАЈТЕ НА СМЕТКА НА НЕГОВАТА "ГОРДОСТ"
Пенисот ја претставува машкоста на мажот, неговото чувство за сила, неговата личност. Тоа што има пенис, кај мажите предизвикува сосема поинакво чувство на ранливост во споредба со чувството кај жените за својата вагина. Вагината е скриена; пенисот е видлив. Кога мажот се возбудуваа тоа не може да го сокрие; кога жената се возбудува, единствено само таа може тоа да го забележи.Сите пениси се различни, единствени сами по себе и се разликуваат по големината, формата, боја...но единствено нешто со кое се гордеат мажите е големината. Па затоа ако вие "немате среќа" и вашиот партнер се погоди со мал пенис, во никој случај не смеете да се шегувате на сметка на тој факт. Така ја убивате неговата машкост и го правите несреќен, бидејќи ќе биде убеден дека никогаш не нема да може да ве задоволи како што треба.
.gif)






















.gif)























