
Секој маж посакува токму тој да биде оној кој ќе ја понесе титулата најдобар љубовник
Повеќето мажи, барем кога сексот е во прашање, се држат самоуверено и непобедливо, но не лажете се - и тие се плашат. Посебно кога станува збор за големината, техниката и воопшто сексуалната изведба. Без оглед на тоа што мажите секогаш се трудат да изгледаат самоуверено, постојат некои работи кои многу лесно можат да ги извадат од рамнотежа, посебно кога се работи за сексот.
РАЦЕТЕ
Повеќето мажи немаат никаква идеја што да прават со своите раце за време на секс. Многу често се загрижени за тоа дека ќе се покажат невешти и дека нивните раце ќе се најдат таму каде што не треба. Лошата изведба е нешто од што се плашат сите мажи, посебно кај првиот секс со партнерката. Тоа посебно ги мачи ако имале некои непријатни моменти со претходните љубовници. Покажете му дека го цените како личност и создадете отпуштена атмосфера. Иницирајте и вие секс и водете ја играта. Овој проблем брзо исчезнува кога мажот ќе се отпушти и навикне на новата партнерка.
ТЕЖИНАТА
Мажите се загрижени за својот изглед исто како и жените, само што многу поретко го покажуваат тоа. Тие многу често се грижат за тоа да не ја „згмечат" својата партнерка за време на секс. Но тука е и психолошкиот проблем, дали на партнерката ќе и се допадне неговото тело кога тој ќе се соблече до гола кожа.
НАЈГОЛЕМА МАШКА ГРИЖА!
Мажите дефинитивно се многу загрижени за големината на својот полов орган, но и за тоа дали го „употребуваат" на вистинскиот начин. Секако најважно за него е што мисли партнерката, затоа само напред, охрабрете го, пофалете го и ќе доживеете „чуда".
ОРГАЗМОТ
За повеќето мажи единствената цел на сексот е самиот оргазам, но не само нивниот сопствен туку и оној на партнерката. Затоа тој многу често е загрижен доколку неговата партнерка не доживее оргазам за време на сексот. Едноставно, потрудете се да му објасните дека оргазмот е супер, но не е најважната работа на светот. Во моментот кога тој навистина ќе поверува во тоа, ќе стане многу поотпуштен и поинвентивен во кревет.
ПЕНИСОТ
Просечната должина на пенисот изнесува 16,5 сантиметри. Ако има помал, веројатно е очаен заради тоа. Мажите патат од комплекс бидејќи мислат дека имаат мал пенис, тешко е да им објасните дека големината не ви е важна. Повеќето од нив се уверени дека само голем може да ја заврши работата. Веруваат дека голем пенис е клуч на сексуалниот успех.
.gif)






















.gif)























