poklon_na_masa_za_negoСекси подароци за посекси роденден
Повторно без идеја за неговиот роденден? Можеби ние ќе ви помогнеме.
42-16063565Тој е преубав, но...
Запознавте супермомче, но се покажа дека некои негови постапки ве нервираат...
chipsРомантика на негов начин
Гестови по машки рецепт што ќе го направат најсреќното момче на светот.
analiza1Анализа на еден маж
„Сите мажи се исти“ е веќе одамна избледена фраза. Ние издвоивме тип1 и тип2.

Не сте му пријателка...туку повеќе од тоа!

se_zatreskal

Доколку престане да ви ги раскажува своите романтични искуства со претходните девојки...вие сте негова следна мета

Долго време сте пријатели со момчето кое го познавате уште од средношколските денови. Но, со текот на времето сфаќате дека всушност вие за него почнувате да претставувате нешто повеќе од пријателка. Одеднаш тој почнува емотивно да реагира на вашите постапки. Дилемата е, дали и тој е заљубен во вас или едноставно ве смета за премногу блиска, па си дозволува себе си да реагира на тој начин? Ако не сте сигурни, еве како да ги протолкувате знаците:

  • СЕ ДОТЕРУВА КОГА ВИ ДОАЃА НА ГОСТИ

Доколку вашиот пријател наеднаш почна да облекува поелегантни и убави парчиња облека кога е во ваша близина, тогаш повеќе од сигурно е дека тука има нешто. Луѓето сакаат да се претстават во што е можно подобро светло пред оние кои ги привлекуваат.. Доколку не му се допаѓате, тој нема да се оптеретува со својот изглед и нема посебно да се дотерува за да се дружи со вас во вашиот стан, туку ќе дојде во обични тренерки и ќе подждригнува пиејќи пиво.

  • ПОВЕЌЕ НЕ РАЗГОВАРАТЕ ЗА НЕГОВИТЕ ДЕВОЈКИ

Доколку вашиот пријател наеднаш престане да ви ги раскажува своите романтични искуства со претходните девојки, има голема шанса дека вие сте неговата следна мета. Мажот кој не гледа ништо повеќе во вас освен пријател на кој може да му се довери прашува за ваше мислење за секоја девојка што ја запознал, дури и ако тоа е некоја непозната со која споделил само насмевка.

  • РЕАГИРА ЕМОТИВНО НА НЕШТАТА ПОВРЗАНИ СО ВАС

Тука посебно треба да внимавате, бидејќи кога машките емоции ќе стапат на сцена ситуацијата станува деликатна. Ако на почетокот ве советуваше како да постапувате со мажите во вашиот живот, сега, тој прави кисела и лута фаца секогаш кога ќе почнете да му раскажувате за момчето со кое сте биле на вечера минатата ноќ. Кога станувате негова симпатија или потенцијален партнер овие интимни разговори ќе почнат да го загрижуваат бидејќи ќе си помисли дека тој нема никакви шанси кај вас.

СОВЕТ ПЛУС!
Доколку вие не го чувствувате истото, ваквото пријателство е осудено на пропаст. Колку и да се трудите да му објасните и да разговарате во врска за вашата релација -пријатели...неговата поинаква љубов кон вас нема да исчезне. Колку и да е болно, ако гледате дека нема друг излез, прекинете го пријателството. Така ќе си помогнете себе си, а и на вашиот „пријател".




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?