
Љубов не е само тогаш кога ќе ви каже те сакам
Мажите, за разлика од жените, не се посветени на бескрајни приказни за своите емоции. Сепак тоа не значи дека тие немаат емоции, туку дека своите емоции полесно ги искажуваат со дела отколку со зборови. Затоа еве неколку работи кои ќе ви помогнат да научите нешто за љубовта и од мажите.
НЕ СТЕ ДОВОЛНО ДИСКРЕТНИ
Дали ви е познато ова сценарио: по два часа поминати со новото момче, два дена потоа им раскажувате на пријателките за него. Додека вие го ставате секој негов потег под микроскоп, момчињата ретко кога од мравка прават слон. Анализирањето на неговото однесување до најситни детали може да ве доведе до ситуација да го изговорите тоа и пред него, а тоа, верувајте, и вас би ве иритирало. Освен тоа, сигурно не сакате вашиот однос да го претворите во тема за групна терапија.
ГИ ПРЕЦЕНУВАТЕ НЕГОВИТЕ ЗБОРОВИ
Љубов не е само тогаш кога ќе ви каже „те сакам". Мажите не паѓаат на тие два слатки зборови и затоа не очекувајте дека ќе ги повторува цело време како расипана плоча. Не се работи за тоа дека не му се допаѓате, тој едноставно не сака да ги истроши тие зборови. Пробајте го следново: не инсистирајте на зборови на крајот од секој телефонски разговор и размислете на кои мали начини тој покажува дека сте посебна и дека му се допаѓате.
ТОЈ НЕ Е ВАШ ПРОЕКТ!
По некое време, откако сте во врска, почнувате да ги забележувате неговите особини и навики кои не се совршени. Помислувате дека можеби можете да го поправите. Можете, секако, да направите некои мали промени, да кажете некои свои сугестии, но ако пробате целосно да го промените неговиот стил на облекување или него како личност, тогаш вашето однесување ќе премине во манипулативна мајка.


















































