
Едно е сигурно, момците донесуваат заклучоци за вас кога е најгусто
Немојте да очекувате дека тој е доволно бистар за уште на првиот состанок да сфати дека секирата му паднала во мед. Пресметајте, прво треба да се разбуди, да се истегне, да ги отвори очите, да ги протрие за да му се избистри видот...додека целиот ритуал да заврши вие веќе ќе бидете зад вратата. Но, не и овој пат! Од каде дека ова не е негов тест за да провери дали вие сте навистина заинтересирана за него онолку колку што милувате да кажувате пред другите?
Едно е сигурно, момците донесуваат заклучоци тогаш кога станува густо. Ако знаете да се снајдете, правилно да реагирате и да се однесувате во неочекувана ситуација, тогаш вие сте способна девојка која ќе може да излезе на крај со детето во него. Еве што точно мислат момците:
ОДЛИЧНО ГО ПОДНЕСОВТЕ ЗАЕДНИЧКИОТ ВИКЕНД!
Ако излетите се храм за бракот, за врската се чистилиште. За мажите, тоа е најсигурна метода за да проверат дека не направиле грешка што се одлучиле за вас. Го откажавте излегувањето со пријателките само за да бидете заедно, но за што? Цело време се каравте и си префрлавте еден на друг!
Поминаа само две недели откако се фативме, и јас останав сам дома. И покрај тоа што имав викнат куп другари, таа дојде и успешно се вклопи во атмосферата. Гостите си заминаа, а ние останавме сами. Се дружевме цели 5 дена и ниту еднаш не слушнав коментар од типот тоа не треба така туку вака...или таа сериозно виси на вашиот сајт па научила секакви трикови или е право злато.
Иван, 26
СТАНАВТЕ ОД ЗЕМЈА СО НАСМЕВКА ДО УШИ!
Тремата си го прави своето...колку и да внимавате се да биде совршено, како за инает тогаш се случува незгода. Вие дотерана, пристигнувате на местото на првата средба со размачкани очи или кармин, со искинати хулахопки и таман кога требаше да се поздравите, нешто ја помрдна земјата под вас и ве кутна долу. И што сега? Донесовте пресуда дека ќе се дружите таа вечер, а од утре ќе го избришете од список, или со крената глава ќе се пошегувате дека неговиот мил поглед е виновен за се?
Излеговме на кафе преку ден, зимно време. Таа носеше долго и широко здолниште. Се раскомотивме...почна муабетот...едно време таа ги прекрсти нозете, а здолништето се поткрена. Носеше проѕирни хулахопки, а под нив расад од влакна. Признавам дека направив фаца, бидејќи не можев, тоа беше премногу за мене...таа забележа и веднаш ја спушти ногата. Оттогаш не излеговме, ако причината беше тој инцидент, тогаш можам да кажам дека не ми е ни потребна. Јасно ми е дека не секогаш девојките може да постигнат да бидат средени, беше зима, таа беше сингл и не е страшно што си дозволила да се запушти. Но изгледа таа не мислеше како мене, самата си се казни.
Горјан, 24
УСПЕАВТЕ ДА ИЗБРОИТЕ ДО ДЕСЕТ!
Повишување на тон, испади и наредување пред другарите, тоа не. Ако сакате нешто да добиете, кажете го тоа на уво, тивко или во спалната. Барем тоа е лесно, мажите се едноставни за водење, само треба трпение и смиреност и несомнено ќе ви јадат од раце.
Многу ми беше напорно да излегувам со нејзините другарки. Тие беа девојки од големото добро утро, а јас среќникот што успеав да фатам една од нив. Моќни со многу пари, можете да замислите како ми беше мене покрај нив. Но, таа не само што ме прифати, туку успеа да ми прости што постојано ја откачував кога е со нив и да ме убеди дека не сум ништо помалку вреден, а можеше да ме батали или да вреска со часови што одбив да одам со неа на роденденот на најдобрата пријателка.
Васко, 29
НАЈДОВТЕ СИЛИ ДА ПОКАЖЕТЕ ПОЧИТ КОН БИВШАТА!
Некогашните љубовни врски не се омилена тема ниту кај двата пола, но додека мажите можат да ја прескокнат таа тема, жените сакаат да ги знаат сите детали. На крај излегува дека сами си го баравте. Информациите што ги дознавте ве направија љубоморна и заштитнички настроена кон партнерот во нејзино присуство.
Не поминаа 5 минути после оргазмот, а таа почна да ме испрашува каков ми бил сексот со бившата. Да не ти се верува! Каква врска има тоа со нас...но тука не беше крајот. Стана опседната со неа, се споредуваше која е поубава, попаметна. Уште фалеше да ми каже дека сум згрешил што сум ја откачил и сум ја избрал неа. Многу лоша игра.
Владимир, 33


















































