
Во еден момент совршеното сценарио се претвора во најлоша ноќна мора бидејќи го намирисавте лошиот мирис на неговиот пенис.
Се е онака како што треба да биде. Дојдовте прв пат кај него, опуштено го поминувате времето, искри фрчат насекаде, почнувате нежно да се допирате. Се спуштате доле за да почнете орално да го задоволувате...
Во еден момент совршеното сценарио се претвора во најлоша ноќна мора бидејќи го намирисавте лошиот мирис на неговиот пенис. Страста се гаси, изразот на вашето лице кажува повеќе и од зборовите...и што сега?
Со оглед на тоа дека ова е прв состанок од ваков тип, треба да поминете низ ова незгодно искуство без да кажете нешто. Можеби за лошиот причина е некој здравствен проблем или па, едноставно пенисот на вашиот партнер не мириса баш убаво. Што ќе правите?
Како и да е, потребно е да се фокусирате на тоа што треба да преземете ако ваквите ситуации се повторуваат. Ако навистина го сакате и не сакате лошиот мирис на неговиот пенис да биде пречка за вашата врска, тоа може да се реши. Но ако му кажете отворено дека неговиот пенис лошо мириса, може да го навредите. Затоа еве неколку совети како да го направите тоа на суптилен начин.
- Кажете му дека сакате да се истуширате заедно. Ако лошиот мирис се повтори и следниот пат кога ќе имате секс, повторно предложете му туширање. По некое време ќе почна да се прашува што не е во ред со него.
- Одбијте орален секс или воопшто не се приближувајте до тој дел од неговото тело. Тој брзо ќе сфати во што е проблемот.
- Ако после овие две постапки, ништо не се промени, тогаш ќе морате да разговарате отворено и да му кажете искрено за што се работи.
Да се најдете во ваква ситуација воопшто не е згодно. После се, кога ситуацијата ќе се расчисти, времето ќе покаже со што и како ќе продолжите понатаму.


















































