
Употребете сосема лесни допири за оваа опасна зона што ќе го доведат до екстаза.
Мислите дека природата ја одбрала жената и создала мноштво ерогени зони, а мажите ги осудила само на една, веќе добро знаете која? Грешите! Notformen-сексолозите ви откриваат една потполно друга вистина. Ви ги откриваат сите сензуални места на телото кај вашиот партнер:
- Пределот позади ушите
Милувањето на ова место предизвикува права ерупција од задоволство. Препорачуваме лесен притисок на оваа точка, влажни бакнежи, лижење и милување.
- Горниот дел на вратот
Употребете сосема лесни допири за оваа „опасна зона" што ќе го доведат до екстаза. Ова е чувствително место затоа што кожата е мека. Со бројни вени и нервни завршетоци. Поминувајте нежно со прстите низ ова место и веднаш ќе ја забележите реакцијата.
- Внатрешноста на подлактите
Оваа територија не трпи силни и површни допири кои само ќе го нервираат. Милувајте го со врвовите на прстите и разбудете ги сите негови сетила.
- Горна усна
Апсолутно најчувствителен дел на лицето. Пробајте нежни бакнежи, грицкање и лесно скокоткање.
- Глава и коса
Главата и косата се важни машки ерогени зони. Тоа е така поради густата концентрација на нервните завршетоци во тој дел од машкото тело.
- Брадавици
Ви предлагаме да ги поставите дланките на градите од партнерот и така да ја започнете играта со неговите брадавици. Правете кружни движења со дланките, но сторете го тоа бавно и нежно.
- Дланките
Со лесни и нежни допири поминувајте по линиите на дланките, но за сето тоа време заводливо гледајте го право во очите. Ќе посака да ве изеде. Ова искуство може да биде посебно интересно ако го изненадите партнерот во јавност со ваквите допири, кога е немоќен. А потоа...можете да замислите што ќе се случи.


















































