
Жените чувствуваат морници при самата помисла на маж кој не го повишува тонот, и смирува со своето присуство.
Да не се лажеме, секоја жена би се свртела по мускулест и добро набилдан маж. Но, за истиот да стане материјал за сериозна врска, треба да понуди нешто повеќе од само заслепувачки физички изглед. Во продолжение ќе ги најдете петте карактеристики, што доколку ги поседува, гарантирано е неодолив.
ЗРАЧИ СО СМИРЕНОСТ
Жените чувствуваат морници при самата помисла на маж кој не го повишува тонот, и смирува со своето присуство. Невротичните и хиперактивни мажи лесно може да ве вознемират, и не се ниту приближно привлечни како оние на чие чело пишува дека ништо не може да ги извади од такт.
СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЕТО ТЕЛО
Не бараме да изгледа совршено, да има перфектно оформени стомачни мускули и да вежба 7 дена во неделата. Бараме маж кој го одржува своето тело во релативно добра форма, а здравјето е негов главен приоритет. Како плус, ако е активен и вежба неколку пати во неделата, нивото на ендорфинот во неговото тело е повисоко, а тоа го полни со позитивна енергија и добро расположение. Ова значи, повеќе вежбање - помалку кавги.
ИМА ИЗГРАДЕН СТИЛ
Не мора да биде Justin Timberlake, но мажот со изграден стил знае да се изрази преку облеката; таа е огледало на неговите чувства, зборува за тоа кој е тој навистина, што работи и кон што се стреми. Ниту една жена не сака маж кој со денови не ја менува долната облека, излегува во маицата во која спие, и истите фармерки ги носи на работа и кога излегува со другарите.
МИРИСА КАКО ВИСТИНСКИ МАЖ
Знаеме, звучи анималистички. Ниту еден жив човек не може да го контролира својот природен мирис, и се чини дека компатибилноста на нашите ДНК диктира кој ни мириса убаво, а кој не. Но, постои едно нешто што може да му противречи на нашиот генетски код, ако ништо друго, барем на кратко. Тоа нешто се вика колонска вода. Секој неодолив маж знае во која мера да ја употреби, за да ги излуди жените околу себе.
ПОСВЕТЕН Е НА ВРСКАТА
Не се срами да каже „те сакам", ужива кога се држите за раце, а кога сте во друштво ужива да им раскажува на своите пријатели за вечерата што му ја подготвивте претходниот ден. Неверојатно е колку е секси мажот што е грижлив, внимателен и секогаш ги одбира зборовите кога сака да ви каже нешто. Неверојатно е и колку брзо жените паѓаат пред вакви мажи.
.gif)






















.gif)























