zagrizen_glea_niz_prozorШто мисли за ултиматум?
Како размислуваат вашите партнери кога ќе им поставите ултиматум?
Corbis-42-277678323 правила за продуктивна караница
Вие имате една, а тој сосема друга причина затоа соблечете се и оставете простор за дебата.
tumblr_lv5mhnsEys1r5ux8bo1_500Дали забранетото овошје е послатко?
За жените оние мажи кои се сингл – тоа е со причина.
vlado„Љубовта е негова религија“
Владо Јаневски за твоите очи кои матат нечиј ум и за мажот кој сака да ве сретне некогаш и негде повторно.

Љубов или опсесија?

dreamstime_13471122

Оној што се обидува да ве смени, да го смени вашиот начин на размислување, однесување, облекување, одење...НЕ ВЕ САКА!

ДЕФИНИРАЈТЕ ЉУБОВ; ДЕФИНИРАЈТЕ ОПСЕСИЈА; НАЈДЕТЕ ЈА РАЗЛИКАТА!

Љубовта е чувство што подразбира збир од чувства за друга личност. Кога некого искрено сакате, тогаш ја почитувате таа личност, ви претставува задоволство да ги исполнувате неговите желби и што е најважно немате против да ги сакате работите кои го разликуваат од вашиот карактер.

Опсесијата е фокусирање на самиот себе, иако можеби не се чини дека е така. Додека љубовта се сосредоточува на потребите на партнерот, опсесијата подразбира фокус на сопствените желби и потреби кои по секоја цена мора да бидат исполнети. Тоа е патолошка желба за поседување на другата личност;  партнерот станува трофеј или предмет за употреба. Опсесивната љубов во никој случај не може да биде здрава од причина што го загрозува предметот на опсесија, во овој случај партнерот.

John D. Moore, автор на книгата „Confusing Love with Obsession", разликува 4 фази на љубовната опсесија:

АТРАКЦИЈА - личноста го забележува потенцијалниот партнер за кој развива опсесија. Ваквата фаза се одвива многу брзо, тој/таа веќе ја замислува својата романтична љубов и почнува да планира. Го воочува физичкиот изглед и не ги перципира знаковите кои можеби укажуваат дека другата страна не е заинтересирана, туку слепо оди кон својата цел на освојување.

ПОСЕСИВНОСТ- тој/таа постојано води сметка за опкружувањето на својот партнер. Покажува болни знаци на љубомора; испади слични на оние што ги прават малите деца кога ќе им ја земете играчката, само што овде нив ништо не им е земено.

НАВЛЕГУВАЊЕ ВО ТУЃИОТ ЖИВОТ - опседнатото лице постојано го прати животот на „саканиот" обидувајќи се што повеќе да се наметне. Исклучително глуми пред родителите со цел да биде прифатен и да го обезбеди своето место покрај својата „љубов."

ДЕПРЕСИЈА- во последната фаза, личноста се чувствува виновно, ја губи свеста, често се препушта на алкохолот, а во екстремните случаи може да дојде и до обид за самоубиство. Често имаат потреба да и се освестат на личноста што одбила да биде со нив, а во никој случај нема да признаат дека нешто се случува.

КАКО ДА ПРЕПОЗНАТЕ ДЕКА ТОЈ Е ОПСЕДНАТ СО ВАС?

Воопшто нека не ве чуди ако опсесијата на партнерот ја толкувате како љубов. Ова не е ретка појава и затоа морате на време да се информирате, за да побарате одредени знаци во неговото однесување кои покажуваат дека сепак работите не се како што треба да бидат.

Оној што се обидува да ве смени, да го смени вашиот начин на размислување, однесување, облекување, одење...НЕ ВЕ САКА! Луѓето што се екстремно љубоморни; не ве пушта да излегувате со пријателките, ви забранува да комуницирате со спротивниот пол и слично, ве сака посесивно само за себе. Ако таа личност постојано ве следи, ви се јавува на секои 5 минути додека сте на работа, го чепка вашиот компјутер или мобилен, проверува дали сте облекле прекусо здолниште...Тогаш, најверојатно си имате работа со личност која развила опсесија кон вас. Имајте на ум дека животот со таков човек може скапо да ве чини!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?