
Познато е дека мажите сакаат предизвици и подготвени се да направат се кога сакаат да освојат некоја девојка.
Токму кога мислите дека се е совршено во вашата врска, се случува нешто што ќе ве натера да го помислите спротивното. На самиот почеток од вашата врската почнувате да се гледате се почесто и почесто, ви кажува дека постојано мисли на вас, ви дарува цвеќиња, ве изненадува со мали нешта кои многу ви значат....и како времето поминува овие романтични нешта полека, но сигурно се губат. Заборавил да ви се јави, мислите постојано му лутаат, повеќе не се труди да ви подготви некое изненадување. Ве убедува дека се е во ред, но вие не чувствувате дека тоа е така. Се прашувате што се случи?
Еве неколку причини што ќе ви помогнат:
Преголема самоувереност
Деновите кога тој ве „бркаше" веќе се завршени. Во неговата глава се вртат мисли од типот дека тој веќе ве добил, па нема повеќе потреба од романтика. Познато е дека мажите сакаат предизвици и подготвени се да направат се кога сакаат да освојат некоја девојка. А од друга страна и девојките сакаат да бидат освојувани. Но, кога „брканицата" ќе заврши,девојките стануваат фрустрирани. Момчето секако дека сеуште е со вас, но можеби станува малку здодевно и монотоно. Станува се потешко да го заинтересирате со некој муабет, почнува да ги заборава важните датуми и детали, па дури понекогаш и заборава да се јави. Мажите често забораваат дека не е се во тоа како да освоиш жена. Предизвикот е како да ја задржиш. Кога мажите би размислувале на овој начин, врските би биле многу поинтересни.
Совет до девојките: Бидете директни и отвoрени кон него. Доколку ова не успее наговестете му дека ви е потребно внимание. Нема ништо лошо во тоа да му дадете до знаење дека постојат и други мажи кои можат да ви го дадат вниманието што го посакувате, се додека не претерате со изјавите. Целта не е да го направите љубоморен. Но, ако и после неколку манипулативни обиди, тој се уште не сфаќа, тогаш можеби е време да побарате некој друг......на кој не би требало да му објаснувате се!
Неговиот интерес за други девојки е премногу очигледен.
Мажите често погледнуваат по други жени и сето тоа е во ред, се додека не ве потсетуваат на тоа постојано. Не е пријатно додека вие сте до него тој да се загледува во други жени. Со ова може целосно да ја изгубите довербата што ја имате во партнерот и да почнете да се сомневате во неговата верност. Истражувањата покажуваат дека жените кои остануваат со партнерот и по изневерувањето, побрзо го пребродуваат самиот чин на неверство, за разлика од разочарувањето во партнерот. Тешко е да се ужива во сексот, кога знаете или се сомневате дека истите интимни работи ги има споделено со друга жена.
Совет до девојките: Дајте му на знаење дека е навредливо да погледнува други девојки додека вие сте до него. Направете го истото што и тој го прави- гледајте во други мажи. Но, ако морате да го направите тоа повеќе пати, тогаш тој навистина не ве разбира. Доколку тој ве изневери, не се правете дека сте преминале преку тоа. Потребно е многу време за да се преболи нешто такво, и вие имате право да си земете време колку што ви е потребно. Доколку сфатите дека не можете да го заборавите тоа, тогаш е време е да продолжите понатаму.....без него!
Молчат и кога не треба
За да ги избегнат идните недоразбирања, мажите памтат што точно ве изнервирало, но не се трудат да дознаат зошто. Затоа тие ги избегнуваат сите теми кои би можеле да ве налутат. Поради тоа тие честопати знаат да замолчат, дури и кога не треба, а со ова само се губи интимноста и комуникацијата во врските.
Совет до девојките: Ако забележите дека вашиот партнер помалку комуницира со вас, можеби навистина сте го збуниле. Подобро е да му објасните зошто нешто ви пречело во неговото однесување, отколку да чекате самиот тој да сфати.На овој начин вашата комуникација значително ќе се зголеми.
.gif)






















.gif)























