nervoza17 машки навики кои ве вадат од кожа
 Не сакаат да чујат критика за нивната мајка и многу им е тешко да се извинат!
mazmalМажите не ги разбираат вашите кодови
Факт е дека 96, 6 % од мажите поголем дел од времето мислат на секс.
plavi_se_i_dvajcataНеодоливи особини на мажите
На кои машки особини жените едноставно мора да паднат?
i_praka_porakaНема да заборави за...
Мажите се отворија за некои работи кои никогаш нема да ги заборават. Кои се тие?

„Чудовиштето“ се всели во нашиот дом!

cudovisteto_lele

Од тој момент земјата стана претесна за сите нас поради фактот дека ја делиме со него и дека во секој момент можеме да го сретнеме на улица.

Се работи за години...години поминати во депресија, тага и слабост за одново соочување со реалноста. На сите дома ни беше тешко, дури и комшиите не сожалуваа, но сите успеаја да продолжат понатаму. Јас некако бев најпогодена во случајот, не поради тоа што бев директно инволвирана во него, туку поради вината што ја носев на душа.

Повторно се будам со насмевка и се тегнам со сласт во постелата велејќи си дека ова ќе биде уште еден прекрасен ден, знам да седнам во ресторан и да си дозволам вкусен оброк и чаша вино, кафето помеѓу гужвата на кеј повеќе не ми е одвратно, но лузната си останува лузна.

Бев излезена со сестра ми Наталија, (Вистинските имиња на ликовите се променети)разлика сме само две години и практично сме неразделни. Штотуку наполнив 20 години и главна окупација ми беше ноќниот живот. Паметам дека бевме собрани кај другар ми Никола од маало, лелеее колку испивме. После домашната седенка се упативме во La Fabrique (поранешно МНТ).

Гужва, мирис на испотени мишки, чад од цигари до онесвестување. Вотката си го направи своето и јас пола вечер ја поминав седната на едно ѕитче и врска немав каде ми е друштвото. Чекав, чекав, чекав никој не дојде да ме побара. Ако станев, ќе се струполев на земја, затоа си останав на местото бидејќи знаев дека сестра ми кога тогаш ќе се сети на мене.

До мене седна еден постар дечко, почна нешто да ми збори, но јас ништо не успеав да го слушнам. Ми се доближи до уво, ми кажа дека се вика Саше и се понуди да ме изнесе надвор на воздух. Без размислување станав и појдов со него бидејќи повраќаницата речиси ми стаса до грло. Ме скри меѓу паркираните автомобили, ме фати за чело и ми рече: „Слободно повраќај, никој не те гледа!" Кое олеснување, погледот ми се разбистри, но не сакав да се вратам внатре. Го замолив да остане со мене...се потпревме на еден автомобил, близу до влезот на дискотеката и ја чекавме сестра ми да излезе...

...излегувавме само две недели, а тој веќе им прирасна за срце на моите. Јас се плашев дека ќе се бунат поради возраста, беше 7 години постар од мене, но не можеа да останат рамнодушни на неговиот тежок живот. Уште кога бил на мои години, неговите родители заминале да работат во Австралија. Тој останал да живее со баба му, која починала после две години. На 23 години останал потполно сам, неколку пати одел кај неговите, но попусто...не можел и не го сакал тамошниот живот. Работел се и сешто за да преживее бидејќи во прво време родителите слабо му праќале пари.

Татко ми, екстремно сожаливо суштество, а мајка ми, поим за филантроп, му предложија да се всели кај нас (тогаш веќе идевме две години). Татко ми му најде, да речеме, посигурна работа во кладилница, а мајка ми не сакаше да го остави сам да се пере и да готви. И така чудовиштето влезе во мојот дом, а јас, наместо да гледам школото, почнав да си ја планирам нашата свадба. Ах, колку бевме наивни!!!

Првото обработување почна додека правевме скара во двор. Почна да кажува како неговите не викаат во Австралија за да започнеме фамилијарен бизнис. Ни тој не беше сигурен за што точно станува збор, заклучокот се сведе на тоа дека треба да се замине таму за да видиме како стојат работите, а редно време беше и да го запознам идниот свекор и свекрва.

ПРОДОЛЖУВА...

На страните на 6-от број на женското списание Unique што можете да го купите на било која трафика во земјата.

Повеќе за:


 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)