
Не барајте ја секогаш вината во вас, ако тој се предомислил за врска!
Сте се запрашале некогаш зошто некое момче, со кое штотуку сте започнале да се гледате, престанало да ви се јавува? За да не се трудите да погодувате зошто е тоа така, ние едноставно ги запрашавме момчињата. Ова се нивните одговори:
СООДВЕТНА ХИГИЕНА
Девојки, не треба да ви нагласуваме постојано колку е важна соодветната хигиена. Многу момчиња престанале да им се јавуваат на девојките поради лошиот здив, мрсната коса, неисчистените уши па дури и поради вагината, што мирисала многу лошо. Затоа погрижете се да не добивате лоши критики од момчињата. Грижете се за хигиената и секогаш изгледајте прекрасно.
ПРЕМНОГУ АЛКОХОЛ
Не пијте премногу алкохол кога сте со него. Може да се напиете една чаша вино колку за да ги смирите нервите, но не претерувајте. Момчињата не сакаат кога девојката е пијана. Во тие моменти, вие станувате „здодевни" и „неуредни".
Едно момче вели: Цела вечер ни беше интересно, отидовме во еден коктел бар и разговаравме. Таа даде предлог да пробаме некои нови коктели. Јас се согласив. Но, после вториот, таа почна да оди во тоалетот затоа што и беше лошо. И правев друштво цела вечер и кога ја испратив дома, буквално поврати врз мене. Никогаш повеќе не сакав да ја видам!
ЗАПОЗНАВАЊЕ СО СЕМЕЈСТВОТО
Излегувавме еден месец и ме однесе дома да ги запознам нејзините родители. Јас не сакав да одам, но таа ми рече дека ќе ми се налути ако не дојдам. А, навистина ми се допаѓаше девојката. Си реков нема што да изгубам, штом успеав неа да ја шармирам, сигурно ќе успеам и со нејзините родители. Но, не одеше се како што планирав! Тие беа строги, едвај успеав да дојдам до збор. Ме прашуваа за се и на крај рекоа дека не сум бил достоен за неа.
Девојки, момчињата се плашат од вашите родители и од тоа што ќе мислат тие за нив. Ако вас ви е убаво со него, нема зошто цел свет да го запознава. Уживајте додека сте со него.
ПРИЈАТЕЛИ
Изборот на пријатели е секако ваш. Но, ако имате пријатели кои се плитки, не е ништо чудно ако тој почне и вас да ве смета за таква.
Се забавувавме 2 месеци и конечно дојде време да ги запознам нејзините пријателки. Во текот на целата вечер, тие зборуваа какви подароци им подариле момчињата и колку биле скапи. Таа се согласуваше за се со нив, а мене не ми се допадна тоа, во тој момент не можев да ја препознам. Од мила, паметна и убава девојка испадна дека е само една обична „спонзоруша"!
ПРЕРАНО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВРСКА
Веднаш после вториот состанок, таа на своите пријателки ме претставуваше како нејзино момче.
Ако сакате да го задржите, можеби треба да размислите пред да почнете да се однесувате како љубоморна девојка со која е во врска 2 години.
Затоа, редовно мијте ги забите, внимавајте на алкохолот и со кого се дружите и никогаш не прашувајте „Каде води ова?" Бидете трпеливи и се што е ваше ќе си дојде во вистинското време!


















































