
Дали тој ја стега вилицата кога ќе го изнервирате?
Без разлика дали сте со момчето неколку месеци или неколку години, тие знаат вешто да сокријат кога се изнервирани. Но, ако го знаете говорот на нивното тело, лесно ќе може да препознаете кога е вистински изнервиран.
БАКНЕЖОТ МУ Е ЛАДЕН
Кога сте пред други луѓе и сакате да го бакнете тој ќе ви го возврати бакнежот. Но, не на таков начин како што сакате вие. Ќе ве бакне само колку да покаже пред другите дека е се ок меѓу вас и за да не си помислите дека е нервозен.
ГИ СТЕГА ТУПАНИЦИТЕ
Ова го прават несвесно. Ги стегаат тупаниците секогаш кога се подготвуваат за тепачка. Не дека тоа ќе биде случајот со вас и дека ќе крене рака на вас, но рефлексно им доаѓа да ги стегнат тупаниците и да бидат подготвени за секаква ситуација.
ВИЛИЦАТА МУ Е НАПНАТА
Забележете само како ви дава лажна насмевка. Се обидува да се насмее природно, но од што е изнервиран, целата вилица му е стегната и таа напнатост се чувствува дури и кога зборува.
ПРЕВРТУВА СО ОЧИТЕ
Кога е изнервиран, ќе избегнува контакт со очите. Свесен е дека дури и најмалиот поглед ќе издаде дека е нервозен. Ако сакате да дознаете дали е лут на вас или на некој друг само погледнете го во очи. Погледот ќе ви каже се.
ЛАБАВО ВЕ ДРЖИ ЗА РАКА
Лабавото држење на вашата рака е само знак дека во тој момент е толку многу изнервиран што не сака ни да биде во ваша близина, но се обидува тоа вешто да го сокрие.
ВИ ВРТИ ОБРАЗ КОГА САКАТЕ ДА ГО БАКНЕТЕ
Да ја мери собата 3 пати или да гледа кој предмет каде стои, повремено е нормално. Но ако забележите дека секој пат кога се обидувате да го бакнете, ви го врти образот, тогаш нешто сериозно не е како што треба. Можеби едноставно треба да седнеме и да разговарате најотворено со него.


















































