
Не го доведувајте во ситуација да треба за се да се оправдува!
Кои типови на жени мажите ги преферираат? Што е тоа што кај една жена може да го одбие мажот? Прочитајте од какви жени бегаат мажите и избегнете и вие да станете една од нив.
ЖЕНИ КОИ ЧЕСТО ПЛАЧАТ
Мажите сакаат сензитивни жени, но мразат ако вие ги употребувате солзите како оружје за да го добиете тоа што го сакате. Ако плачете постојано за да направите тој да се чувствува виновен мора да сфатите овој ефтин трик успева само на почетокот. Иако вашата тага е вистинита и искрена, многу мажи може ова да го разберерат како стратегија за да им го привлечете вниманието. Ова однесување не е ништо подобро од однесувањето на размазено дете.
ЖЕНИ КОИ СЕ САМОКРИТИЧНИ
Ако постојано си упатувате критики на самата себе за вашиот изглед тогаш ни тој нема да ве цени. На почетокот на врската тој ќе се обиде да ве разувери во спротивното, но по некое време нема повеќе да се обидува. Дамо че почнете да му одите на нерви затоа што мажите не ги привлекуваат жени кои се психички слаби и немаат самодоверба. Некои жени на овој начин се обидуваат да добијат комплименти и да привлечат внимание. Но, наместо тоа ќе партнерот ќе почне да ги сожалува. Треба да знаете дека мажите не ги забележуваат малите недостатоци, без разлика дали се физички или психички - освен ако не сте во врска со перфекционист.
ЖЕНИ КОИ СЕ ЉУБОМОРНИ
Скоро секоја жена е љубоморна, но неконтролираната љубомора не е воопшто позитивна за врската. Вашиот партнер може да почне да се сомнева во тоа дали вие сте вистинската за него. Љубомората ќе направи да изгледате недоверлива и посесивна. Мажите преферираат жени кои се релаксирани и не гледаат закана во другите жени.
ЖЕНИ КОИ ПРЕМНОГУ СЕ ЖАЛАТ
Дали навистина ви пречи што неговата облека е расфрлана низ целиот стан? Дали ова е навистина голем проблем? Истото важи и за останатите негови навики, како гледање на фудбал... Убаво објаснете му дека тоа ви пречи, не зборувајте за тоа постојано. Не ја оправдуваме нееднаквоста во врската или бракот, но понекогаш жените знаат да се оптоваруваат со многу непотребни работи. Не треба да се загрижувате ако тој понекогаш е тивок, ако се журка со пријателите или ако одбива да оди на шопинг со вас. Не треба бурно да реагирате и да го форсирате.


















































