
Сексот треба да биде уживање и за двајцата, а не измачување!
Тој е самоуверен, интересен, прекрасен, интелигентен... но кога ќе се најдете помеѓу чаршавите сета магија исчезнува. Никој не сака да и каже на другата половина дека греши во нешто. Никој не сака да ги повреди чувствата на партнерот. Но, сепак некои работи треба да бидат отворено кажани, односно треба да се сменат. За среќа има неколку проблеми во кревет кои можат да бидат решени. Еве кои се тие и како да ги решите...
ПРЕДВИДЛИВОСТ
Кога сте во долга врска лесно е да влезете во сексуална монотонија. Време е вие да ја преземете акцијата. Сменете ги позите и техниките. Внесете свежина во вашиот сексуален живот пред да биде касно.
ЛОША ТЕХНИКА
Наместо да му кажете што не чини, пробајте да се фокусирате на позитивните работи, односно на работите кои на вас ви се допаѓаат. Дајте му комплимент за тоа. Кажете му ако сакате да го забрза темпото, да го намали, дајте му предлог за некоја нова техника или поза...
КРАТОК СЕКСУАЛЕН ОДНОС
Мажите можат да се задоволат со краток сексуален однос за разлика од жените кои бараат малку повеќе. Затоа вие преземете ја контролата, качете се врз него и вие одредувајте го темпото. Држете ја контролата во свои раце.
ПРЕДВРЕМЕНА ЕЈАКУЛАЦИЈА
Постојат многу причини за предвремена ејакулација. Може да се случи ако тој е нервозен или премногу возбуден. Пробајте да ги градите работите бавно почнувајќи со нежна предигра и повлекување секогаш кога тој изгледа дека достигнува оргазам. На тој начин можете да ја избегнете предвремената ејакулација.
СЕБИЧНОСТ
Успешниот сексуален живот е многу важен и за двајцата партнери. Не треба само едниот да ужива. Во сексот важи онаа изрека: давај за да добиеш. Ако само едниот партнер е задоволен од сексот кога тогаш врската ќе пукне. Во овој случај разговорот најмногу би помогнал. Кажете му што ве возбудува. Експериментирајте.
НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ
Ако сексот одеднаш почне да се намалува, време е да ги размрдате работите. Прво прашајте го што мисли за сексот за да утврдите дали постои проблем во врската. Потоа обновете ја страста. Отидете на викенд заедно. Промената на сценариото, можноста да се релаксирате и да бидете интимни ќе ја промени вашата врска, а најмногу сексуалниот живот.
ИМПОТЕНЦИЈА
Покрај предвремената ејакулација постојат и други причини кои доведуваат до тешкотии за тој да постигне ерекција. Најлошата работа што може да ја направите е да се лутите поради тоа и да му префрлате. Најдобро е да отидете заедно со него да посети стручњак. Дајте му поддршка.
МРЗЛИВОСТ
Оваа особина не треба да се меша со себичноста. Како најдобро да го размрдате: облечете се во секси долна облека. Земете неколку свилени марами и кажете му да ве врзе за креветот. Ако вашите раце се врзани тогаш тој ќе мора да биде активен.


















































