
Најчесто причините за неможноста да се ејакулира се од психичка природа.
Ако сексуалниот однос не заврши со ејакулација, тогаш навистина нешто не е во ред. Но, не со неговата долна глава, туку со горната. Најчесто причините за неможноста да се ејакулира се од психичка природа. Доколку машкото не ејакулира, не може убаво да доживее оргазам и на тој начин спермата се задржува во неговите тестиси, што не е здраво и со текот на времето може да стане и болно.
Како што веќе рековме, причините треба да се бараат во неговата психа. Момче кое не може да ејакулира најчесто може да има емоционални проблеми со својата партнерка, да западне во депресија, да му се намали самодовербата и така натаму. Неможноста за ејакулација може да биде и поради стравот од прерано ејакулирање, од губење на ерекцијата...
Кога станува збор за психичките проблеми, најдобро решение се секако психотерапевтите, професионалните советници со кои отворено може да се разговара за проблемите и за стравовите од кои не може да се дојде до ејакулација. За да не се дојде до дополнителни проблеми и лоши искуства, од голема важност е секако и поддршката од партнерката. Таа треба да биде полна со разбирање и во ниеден момент да не му замери.


















































