
Францускиот бакнеж е резервиран за страсните и романтични љубовни односи.
Вистина е дека бакнежите можат многу да откријат за чувствата на партнерот. Треба само внимателно да ги следите неговите потези и мимики за да ја откриете вистината. Веднаш ќе можете да дознаете што тој мисли за вас. Дали е прав џентлмен? Романтичар? Или пак само си игра со вас? Дознајте ја вистина!
БАКНЕЖ ВО РАКА
Бакнежот во рака веќе не претставува чест како порано,иако за џентлемените ова е едно од најдоброто оружје за заведување на девојки. Ако момчето е тип на човек што кога ви бакнува рака, ве гледа право во очи тогаш тој е искусен маж кој знае како да освои нечие срце. Обично овие мажи ги бие глас дека се женкари.
БАКНЕЖ ВО ОБРАЗ
Со овој бакнеж момчето ви изјавува на суптилен начин својата наклонетост и почит кон вас. Оние кои љубат нежно и полека, обично се срамежливи, но тие навистина ќе знаат да ве ценат и почитуваат. Како партнери тие се многу романтични.
БАКНЕЖ ВО ВРАТ
Страствениот бакнеж во врат е одличен начин за тој да ве возбуди. Овие мажи точно знаат што сакаат и како да дојдат до тоа. Со овој тип на човек ќе имате голема сигурност и страст, но внимавајте вашето мислење исто така да биде вреднувано во врската.
БАКНЕЖ ВО ЧЕЛО
Со овој бакнеж партнерот ви ја покажува неговата нежност и заштитничкиот однос кон вас. Мажите кои бакнуваат во чело се искрени и слободно може да се потпрете на нив. Секогаш ќе ви се најдат во лошите моменти.
ФРАНЦУСКИ БАКНЕЖ
Овој бакнеж е резервиран за страсните и романтични љубовни односи. Забележете на кој начин тој се бакнува; ако тоа го прави со затворени очи и нежно тогаш речиси сигурно е дека тој ве сака; ако тој се љуби со отворени очи и механички тогаш можно е вие да сте му само попатна станица.


















































