
Со цел да му покаже на светот колку е благодарен на својата мајка што го родила, моделот на својата рака ќе ги тетовира зборовите: „Gracias, Madre“ – што во превод значи „Ти благодарам мамо.“
Своето прво појавување во јавноста го имаше во реално шоу „Big Brother Brasil". Пред да се пресели во Њујорк во 2001, со цел да започне кариера како модел, главна окупација на Fernando бил спортот. Атлетиката се уште е неговата најголема пасија, но во тој период главно боксувал и играл фудбал.
Првите години во Њујорк едвај наоѓал ангажмани, но како екстремно религиозен човек кој веднаш знае да се спријателува со луѓето, успеал да се протне на ревиите на Calvin Klein. Подоцна учествувал и во кампањата на Abercrombie and Fitch, каде имал прилика да соработува со легендарниот фотограф Bruce Weber.
Неговата кариера добива глобални размери, откако бил забележан на плажите во Рио де Жанеиро од страна на модниот фотограф Mario Testino. Тие заедно ќе работат на кампањата за германскиот Vogue, а тоа ќе значи пресвртница за кариерата на Fernando. За релативно кус период, тој ќе биде ангажиран во кампањата на Dolce and Gabbana.
„Најдоброто нешто што може да му се случи на еден модел, е да учествува во кампања за парфем - така станувате бесмртен. Dolce and Gabbana колекцијата вклучуваше унисекс парфеми, вклучувајќи го и La Roue De La Fortune. Тој посебно ми се допадна бидејќи на шишенцето го има бројот 10 - бројот на мојот дрес што секогаш ми носи среќа."
Во кампањата на Dolce and Gabbana, Fernando ќе позира покрај легендарните женски модели, Naomi Cambell, Claudia Schiffer и Eva Herzigova.
Со цел да му покаже на светот колку е благодарен на својата мајка што го родила, моделот на својата рака ќе ги тетовира зборовите: „Gracias, Madre" - што во превод значи „Ти благодарам мамо."
Токму во моментот кога Fernando ќе го живее својот сон, а особено ќе биде среќен што ќе може да си дозволи и да ѝ купи стан на својата мајка, се случува трагедија што никого нема да остави рамнодушен, особено луѓето од модната индустрија.
„Тој ден бев исцрпен, сабајлето истрчав 15 километри, а вечерта играв фудбал. Се сеќавам дека испив неколку пива, но многу малку јадев бидејќи се обидував да симнам некое кило за миланската модна недела."
Моделот требал да лета за Милано со цел да учествува во промоцијата на Dolce and Gabbana парфемите. Кампања која буквално го смени неговиот живот и која имаше сентиментално значење за него...
ПРОДОЛЖУВА...
Крајот на оваа реална приказа можете да го прочитате на страните на осмиот број на Unique, што може да го најдете во било која трафика во Македонија.


















































