
Не има давајте лоши коментари за спортот затоа што така мислат дека немате разбирање за нив.
Во некои карактеристики сите мажи се исти. Во секоја врска постојат прашања и реплики кои тие не сакаат да ги слушаат, а уште помалку да ги прифатат. Затоа, почитувајте ги тие карактеристики. А она што вие треба да го направите е следново:
Не им се мешајте во возењето
Општо е прифатено мислењето дека жените се лоши возачи. Затоа, кога сте во автомобил со момчето и тој управува, не очекувајте дека ќе ги прифати вашите сугестии во текот на возењето. Затоа оставете го да вози и правете се дека тој има се под контрола.
Се вртат по други жени
Тоа што се вртат по други жени не значи дека утре ќе имаат врска со таа девојка. Тоа се случува затоа што едноставно не можат да одолеат. Таа карактеристика ја има секој маж и верувајте тој не гледа на нив како што мислиме ние. Едноставно ја забележуваат, но не и придаваат големо значење. Тоа е затоа што не размислуваат за врзување со некоја друга и затоа што уживаат да се со вас.
Не им викајте дека се слатки
Слатки се бебињата на пријателките, на роднините, но не и возрасен маж. Дури ни кога ќе се разбуди покрај вас, не се осудувајте да му кажете дека е сладок. Доколку ви е сладок, задржете ја таа информација за вас и споделете ја со пријателките.
Спортот е најдоброто нешто
Спортот, без разлика дали се работи за фудбал, кошарка, ракомет или одбојка, игра голема улога во животот на мажите. Затоа заборавете да ги задевате за тоа. Не има давајте лоши коментари за спортот затоа што така мислат дека немате разбирање за нив. Тоа време додека гледаат фудбал, искористете го за да го прошетате кучето или да се видите со пријателките.
Не разбираат се што им кажуваме
Кога сакате да им кажете нешто на партнери со што би подобриле некоја ситуација, тие само ќе ви одговорат дека ве разбираат. Но, тоа не е точно. Тоа го кажуваат само за да заврши разговорот. Не размислуваат за она што сте им го кажале па затоа не очекувајте некои позитивни промени во неговото однесување.


















































