
Не разбираат како жените можат да ја трпат болката при депилација, како имаат потреба од оговарање со пријателките...
Постојат неколку работи кои жените постојано ги прават и токму тие работи до ден денес на мажите не им се јасни. Не разбираат како жените можат да ја трпат болката при депилација, како имаат потреба од оговарање со пријателките...
Еве кои работи мажите никогаш нема да ги разберат:
ХОРМОНИ
Секој месец истата приказна. Мажите никогаш нема да разберат како жените во оние денови толку лесно се претвораат во чудовишта и постојано бараат причина за карање, а на крај се правдаат дека хормоните тогаш им работеле и дека не се криви за ништо.
ОГОВАРАЊЕ
Жените можат во било кое време, со кој сакаат и каде сакаат да оговараат. Според мажите тоа е нешто слично на шпанските серии од кои им се крева косата.
СТРАВ ОД БУБАЧКИ
Многу девојки имаат страв од бубачки. Нејасно на мажите им е како може некој, кој трпи болка од депилирање, да се плаши од мали беспомошни бубачки.
ВЕНЧАВКИ
Меѓу нејасните работите секако спаѓаат и венчавките. Тие не можат да разберат зошто жените толку многу го сакаат сјајот од венчалниот прстен на нивниот прст. Секако дека за жените е важна венчавката, но тоа не значи дека треба да се брза за таков чекор.
СТАВ
Ставот е нешто кај жените што не може веднаш да се забележи. Најчесто, мажите го забележуваат по 3 месечна врска. Тие се навикнале на мирна личност која не приговара за ништо, но подоцна ќе дознаат дека таа личност има друг став.
ФРАЕР
Секоја жена е во потрага по добро момче со кој ќе може да си го испланира цел живот. Но, штом некој таков се појави пред нејзе, таа бега од нив и се забавува со фраери. Од кога фраерот ќе им го скрши срцето, тие бараат утеха во добрите момци. Тоа мажите никогаш нема да можат да го разберат.
ЛАСТИК ЗА КОСА
Косата е најдобриот пријател на жената. Некогаш може дури дневната комбинација да ја направи поелегантна. Мажите никогаш нема да сфатат зошто жените мораат да користат толку многу ластици и шноли за коса, кога пуштена исто толку добро им стои.
ЧЕВЛИ
Врската помеѓу чевлите и жените тешко може да се раскине. Жените не можат да се замислат да живеат без кутиите полни со најразлични потпетици. За разлика од жените, мажите сметаат дека тоа што поседуваат два пара чевли е голем луксуз.


















































