
Телефонските разговори со бившите девојки не се лоши. Се разбира, доколку не се чести.
Љубомората и недовербата се сојузници и непријатели на долгите и стабилни врски исполнети со љубов и страст. Дури и најмалото отсуство на тоа внимание и разбирање може да предизвика сомнеж.
Многу девојки на почетокот на врската, внимаваат што ќе кажат, а најдобриот пример за тоа е секако неговата бивша девојка.
Како да препознаете дали ја преболел својата бивша девојка?
Ја споредува со вас
Споредувањето не е составен дел од една цврста врска. Тоа може да го толерирате првите неколку дена од врската, но понатаму не треба да се толерираат таквите коментари.
Уште и се јавува
Телефонските разговори со бившите девојки не се лоши. Се разбира, доколку не се чести. Но, ако тоа се случува постојано, тој ви покажува дека уште ја нема преболено.
Уште се дружат
Сигурна сум дека не сакате да го ограничувате вашето момче. Но, тоа не подразбира да ги стиснете забите и да го оставите да се дружи со својата бивша девојка. Можеби се само другари, но тоа никој не може да ви го гарантира, нели?
Постојано ја споменува
Ова е очигледен пример дека се уште постои некоја искра во него за таа девојка, инаку која би била причината за да ја спомене додека е со вас? Дури и ако зборува лошо за неа, значи дека не ја преболел и дека се присетува на неа.
Ве носи на места каде одел со неа
Ако постојано ве носи на исто место, можеби е време да го запрашате зошто го прави тоа постојано. Што е толку посебно тоа место? Во зависност од одговорот, вие пресудете како ќе продолжи вашата врска.
Му смета ако таа има друго момче
Ако вашето момче е потиштено поради тоа што неговата бивша девојка има ново момче, потсетете го дека и тој има нова девојка. Дека е во врска со вас и дека не треба да се вознемирува за секое ново момче на неговата мината девојка.
Ви се обраќа со нејзиното име
Не треба многу да објаснуваме за ова, нели? Сите го знаеме чувството кога некој ќе ни се обрати со туѓо име, особено ако тоа е името на бившата девојка.


















































