
Дури на најмалите црти на неговото тело можат да ви откријат дали е верен или пак најголем женкар.
Широки рамена
Заводниците имаат широки рамена. Уживаат во флертот и во љубовните авантури, па затоа никогаш нема да можат да бидат само со една девојка. Но, доколку решат да бидат само со една, ќе бидат екстремно романтични и целото внимание ќе го посветат на неа.
Меки уши
Внимавајте на мажите со долги и големи уши. Тие уживаат во слободата и не сакаат да се врзат со некоја девојка. За разлика од нив, мажите со меки уши се полни со самодоверба и се верни партнери на кои можете во било кое време да се потпрете.
Високо чело
Ако на прв поглед ви се допадне момче што има високо чело, знајте дека гледа во еден од најчувствителните момци. Таквите момци сакаат изненадувања и никогаш нема да ви биде здодевно кога сте во негова близина.
Спуштено Адамово јаболко
Мажите со спуштено Адамово јаболко се убедливо најдобрите љубовници. Колку што е јаболкото подолу, толку се постраствени и расположени за секс.
Високи мажи
Високите мажи ќе остават впечаток каде и да се појават. Тие се амбициозни и најчесто успешни во своите области.
Ниски мажи
Можеби не се толку успешни како високите мажи, но недостатокот на сантиметри се надокнадува со шармот и духовитоста.
Свиткани прсти
Доколку партнерот има долги прсти на ногата тогаш тој е искрен и верен, но доколку има свиткани, тогаш треба да знаете дека флертот му е најважното нешто во животот и најчесто лажат.
Долг палец
Знак за одлучност и упорност. За разлика од нив, оние со широк палец, се нетрпеливи и лесно избувнуваат.
Дупка на брадата
Вистинскиот знак за романтична личност. Со вакво машко постојано ќе се чувствувате како кралица.
.gif)






















.gif)























