
Мислам дека девојките се нафаќаат на таков потег само затоа што немаат доволно самодоверба и мислат дека ниту едно момче нема да ги забележи доколку немаат големи гради.
Многу жени мислат дека ако стават вештачки гради облеката подобро ќе им стои, ќе им се подобри самодовербата и ќе изгледаат добро за нивните партнери.
Но, да бидеме реални. Вистинската причина зошто девојките ставаат вештачки гради е за да фатат момци.
Сепак останува прашањето дали момците ќе ги сакаат вашите вештачки гради?
Што мислат тие на оваа тема?
„Не треба секоја девојка да изгледа лесно и да наликува на проститутка. Да сакаме да гледаме такви девојки, многу лесно може да ги најдеме. Секоја чесна девојка треба да изгледа природно." - Маријан, 29.
„Не, не и не. Не ми е гајле дали има огромни планини или 'јајца на око'. Секогаш ќе се најде некој што ќе ги цени и сака дури и јајцата на око." - Бојан, 24.
„Ги обожувам. Сакам да бидат што поголеми за да можат да ги стискам. Секако, ако девојката е за озбилно,не би сакал да има такви нешта. Ако е само за секс, може, но за девојка со која сакам сериозна врска никако." - Вангел, 25.
„Го мразам моментот кога девојката ќе го соблече градникот и нема ништо ни да се види ни да се фати. Затоа сакам да и бидат големи, убави и во секој момент да можат од било која страна да ги видам." - Симон, 33.
„Мислам дека девојките се нафаќаат на таков потег само затоа што немаат доволно самодоверба и мислат дека ниту едно момче нема да ги забележи доколку немаат големи гради. Тоа најчесто се случува како последица на некое претходно искуство и се залажуваат дека секое машко после тоа лошо искуство ќе биде исто како претходното." - Марко, 35.
„Јас сум целосно против тоа. Според мене, а мислам дека скоро секое машко ќе се согласи со мене, кога ќе речам дека девојката треба да изгледа најприродно, онаква каква што е, без никакви вештачки гради, премногу шминка..." - Игор, 30.
Што мислите вие? Дали мажите навистина ги сакаат вештачките гради или не?
Ќе згрешите ли доколку се нафатите на ваков потег или не?
.gif)






















.gif)























