
Ако сомневате нешто, веднаш забележете што прави со рацете. Ако ги става во џеб или си игра нервозно со рацете, можеби го прави тоа затоа што се соочува со самиот себе за нешто лошо што направил.
Ви се случило ли некогаш да чувствувате дека нешто крие, а да не сте сосема сигурни во тоа? Не сакате да почнете да претурате по неговите работи затоа што не би било фер. Сте размислиле ли некогаш дека неговото однесување може да ви помогне да откриете дали ви крие нешто?
Се што треба да направите е да се опуштите и да го следите извесен период.
Сака почесто да имате секс
Да! Кога нешто крие, ќе сака почесто да имате секс, затоа што ќе се обидува да ги избегнува разговорите.
Но, тоа нели не мора секогаш да е точно. Можеби во тие моменти, има изливи на љубов и сака да биде со вас. Не го обвинувајте за ништо, додека не сте 100% сигурна.
Му се суши устата
Самиот факт дека крие нешто од вас го прави нервозен. Во тие моменти, неговото тело има испади. Кога има некоја голема тајна и се плаши дека ќе изгуби нешто, доколку се открие таа тајна, неговите мускули ќе почнат да се грчат при што неговото грло ќе се суши.
Затоа, ако премногу голта додека разговара со вас, значи дека се обидува да се релаксира и да ги опушти мускулите. Внимавајте на која тема го прави ова. Можеби таа е поврзана со тајната која ја крие.
Рацете му се во џеб
Ако сомневате нешто, веднаш забележете што прави со рацете. Ако ги става во џеб или си игра нервозно со рацете, можеби го прави тоа затоа што се соочува со самиот себе за нешто лошо што направил.
Но, има и такви машки што едноставно тоа им е начин на стоење. Не избрзувајте со заклучоци додека не бидете целосно сигурна дека нешто крие.
Премногу објаснува
Ако почне да ви кажува каде бил, со кого и што правел, можеби треба да почнете да се сомневате во нешто.
Можеби само сака да прекрие нешто со тоа што ќе ви кажува работи за нешто сосема друго. Најчесто ќе прави паузи, ќе се буни додека говори затоа што ќе се обидува да измисли нешто.
.gif)






















.gif)























