
Кога станува збор за сигурноста во една долга и сериозна врска, треба од време на време да си ја давате и покажувате таа сигурност.
Почитта во една врска е најважната работа за опстанок на една сериозна и долга врска. Без неа, нема спас за вашата врска.
Дали можете да ги препознаете сигналите кои ги испраќа? Сака ли да биде со вас или не? Дали е тој вистинскиот дечко за вас?
Овие неколку предлози може да бидат пресудни за вашата врска.
Ве остава да погодувате
Кога станува збор за сигурноста во една долга и сериозна врска, треба од време на време да си ја давате и покажувате таа сигурност. Тоа подразбира да споделува со вас најтешки па дури и најсрамни моменти, да ви се јавува без никаква причина...
Но, ако се прашувате што прави вообичаено кога не сте заедно, а и тие работи ви ги крие, можеби е време да се запрашате колку можете да му верувате.
Ги заборава важните настани
Кога сте со некој во врска, одредени настани како родендени, годишнини и слични настани бараат екстра внимание.
Доколку често се случува да ја заборави годишнината или пак вашиот роденден, можеби треба да се запрашате која е вистинската причина поради која е со вас.
Не размислува за иднината
Планирањето однапред или пак имањето некаква цел во живот е клучот за стабилна и врска исполнета со љубов, а со тоа и таков живот.
Не треба да се знае точно до детали што ќе се прави во наредните 10 години, но една груба претстава би била добра, дури и ако не испадне како што треба и кога треба.
Повеќе сака да излегува со другарите
Честото излегување на партнерот со неговите другари може да значи и многу главоболки. Нормално е од време на време да сакаат да излезат со машкото друштво и да се шегуваат и разговараат за нивните девојки. Но, ако се чувствувате дека мора да се натпреварувате за неговото внимание, тогаш нешто навистина не е во ред.
Дадете му можност да се објасни и да каже што тој мисли на оваа тема.
.gif)






















.gif)























