
Кога најчесто излегувањето ви се сведува на заеднички вечери со пријателите, тогаш тој се обидува да најде начин како да ве откачи на најбрз можен начин.
Но, тоа беше порано! Сега веќе не е така!
Што се случи? Зошто е толку далечен и ретко достапен? Дури и кога ќе прашате дали нешто се случува, ви вели дека се е во ред и дека ништо не се променило. Сепак, вие се двоумите дека постои некоја друга причина за неговото однесување.
Како да откриете дали се уште е заинтересиран за вас и дека не станува збор само за некој период кој за брзо време ќе помине?
Се повлекува
Порано го знаевте како букварот од прво одделение. Но, повеќе не знаете каде оди, со кој е, кога ќе се врати...
На прашањата каде бил и како си поминал се вознемирува и ви ги одбегнува одговорите...
Ако започнете да се чувствувате како полицаец што го испрашува сопствениот партнер каде бил и со кога, можеби е време да си ја чукнете главата и да се запрашате зошто ви ги одбегнува одговорите.
„Ајде да направиме пауза"
Доколку таа пауза не значи одмор на најегзотичното место на планетата Земја, тогаш го бара најлесниот излез од врската.
Во тој случај зошто да не направите место за некоја друга личност која ќе сака да биде со вас и нема во ниту еден момент да посака да направите пауза?
Излегувате во парови
Кога најчесто излегувањето ви се сведува на заеднички вечери со пријателите, тогаш тој се обидува да најде начин како да ве откачи на најбрз можен начин. Тоа што повеќе не излегувате сами е знак дека не може да понесе да биде на само со вас и дека бара излез од таа врска.
Наеднаш се грижи како изгледа
Најчесто, кога партнерот не обрнувал толку внимание на тоа како изгледа кога ќе излезе со вас и од никаде, ќе започне да се дотерува и да се опседнува со тоа како изгледа, верувајте дека не го прави тоа за него, туку за другите девојки. Сака да се покаже како слободен дечко кој е во потрага по нова партнерка.
Изговори
Доколку користи смешни изговори секој пат кога сакате да излезете на само со него, можеби треба да се преиспитате дали сакате да бидете со човек кој нема да биде таму за вас секој пат кога најмногу ќе ви биде потребен.
.gif)






















.gif)























