
Љубомората не е позитивна работа за мажите. Тоа за нив е константно правдање и карање, па затоа ги избегнуваат девојките кои се премногу љубоморни.
Малите караници и препирања во врската се сосема нормални поради тоа што мажите и жените имаат различни сфаќања за некои работи. Тие во принцип живеат во различни светови.
Дали го познавате нивниот свет? Кои вистини за мажите не се поврзани со вас?
Скапи автомобили
Како што жените сонуваат да бидат богати и да имаат огромен плакар со сите брендирани чевли и чанти, така мажите сонуваат да возат скапи и убави автомобили.
Љубомора
Љубомората не е позитивна работа за мажите. Тоа за нив е константно правдање и карање, па затоа ги избегнуваат девојките кои се премногу љубоморни.
Нервоза
Жените многу добро знаат пред да влезат дома, нервозата да ја остават надвор. Но, тоа не е случај со мажите. Доколку тој дојде дома нервозен и без желба за разговор или пак секс, оставете го да ја излади главата и да се одмори. Потоа сам ќе ве побара.
Љубовни совети
Немојте да мислите дека тие постојано имаат контрола врз работите и секогаш знаат како да реагираат. И тие имаат потреба од љубовен совет, без разлика дали е позитивен или негативен.
Моќни жени
На мажите не им е доволна партнерка која само ќе се грижи за нив и ќе биде тука постојано за нив. Тие сакаат нивната партнерка да биде самоуверена и самостојна и ако има потреба да се бори за него.
Самотија
Понекогаш оставете ги сами. Како што вие имате потреба да бидете сами извесен период, така и тој сака да помине некое време без вас. Не секогаш ќе сакаат да излезат на кафе или некоја прошетка. Едноставно ќе сакаат да уживаат дома во некоја добра книга или филм.
Утринска ерекција
Многу жени мислат дека утринската ерекција кај мажите се случува поради тоа што чувствуваат топло и секси тело покрај нив, но да бидеме реални! Тоа не е поврзано со вас туку со влажните соништа кои ги имаат во текот на ноќта.
.gif)






















.gif)























