
Мажите не сакаат жени што по сексот се чувствуваат валкано и веднаш одат во бања под туш.
Заедно сте некое време, сосема отворени и искрени сте еден со друг и љубовта знаете како да ја одржите. Но, секогаш мора да има едно големо НО.
Секогаш има работи кои ќе ги сака од вас, но никогаш нема да има храброст да ви ги каже. Кога ќе ги знаете, многу ќе биде послатко сами да се сетите и да направите нешто околу тоа. Тоа него ќе го израдува, а вашата самодоверба ќе се зголеми.
Кои се тие работи кои потајно ги сака од вас?
Бакнувајте го
Не се само жените оние што сакаат нежност. И вашиот партнер сака да го бакнувате, тоа го излудува. Бакнувајте го по целото тело, задевајте го, играјте си со него. Секако ќе биде задоволен.
Контрола врз ситуацијата
Тој сака да игра по вашите правила. Затоа, кажете му што сакате да прави, каде да ве допре, како да ве допре. Ќе му биде многу полесно и ќе се чувствува многу позадоволен ако знае дека тоа што го прави во моментот е токму тоа што вие го посакувате.
Бидете чувствителни
Неговото тело е исто толку чувствително колку и вашето. Не бидете себични. Трудете се како што тоа го прави тој, милувајте го и погрижете се да се чувствува добро.
Експериментирајте
Вистинската жена не знае за монотон секс. Предложете му нова поза, купете си нова долна облека, танцувајте во неа само за него, предложете нова локација.
Останете до самиот крај
Мажите не сакаат жени што по сексот се чувствуваат валкано и веднаш одат во бања под туш. Тоа што вашиот партнер го сака по сексот е да продолжите да го милувате, да му кажете дека бил одличен и дека би сакале наскоро сето тоа да го повторите.
Молчете
Во ред е да му кажете нешто секси, да го одобрите тоа што го прави или да го пофалите. Но, никако не претерувајте. Ова не е моментот за долги бесполезни разговори. Едноставно уживајте.
Иницијатива
Мажите не сакаат жени што никогаш не почнале први. Доколку секогаш чекате тој да почне со предиграта, многу брзо ќе му здодеете. Изненадете го, облечете ја новата долна облека и покажете му што сакате. Со задоволство ќе ја исполни секоја ваша желба.
Покажете знаци на живот
Без разлика што тој е одозгора, движете се, покажете му дека сакате да имате секс со него. Ако изгледате безживотни, без енергија и желба, истото ќе му се случи и на вашиот партнер.
.gif)






















.gif)























