
Многупати мажите не размислуваат за проблемите кои се влечеле во текот на целата врска и само бараат логична причина за вашата одлука.
Сите сме имале врска, сите сме биле заљубени и сме сакале некој. Секако сите знаеме колку тешко може да ни биде доколку раскинеме со таа личност, која неизмерно ја сакаме.
Иако мислиме дека само ние жените патиме кога ќе раскинеме и плачеме, грешиме многу. Не се само жените оние кои се жртви на врските. И мажите можат да бидат повредени и секако да плачат. Ние мислиме дека тие не плачат и не се чувствителни затоа што никој не ги гледа кога пуштаат солзи.
Како патат тие?
Се преправаат
Глумата им е најлесно решение за спас од вакви ситуации. Се преправаат дека крајот на врската воопшто не ги погодува, а всушност често се на раб на плачење и на нервен слом.
Се враќаат на старо
Барањето некоја нова, обидот да засакаш некоја нова, за мажите е премногу сложен процес.
Самиот чин на склучување нови пријателства со жените за нив е вистински ноќен кошмар, па веројатно би се обиделе да имаат нешто со некоја бивша девојка која ја знаат многу добро, да не кажеме, исто толку добро како што ве познавал вас.
Бараат причина
Многупати мажите не размислуваат за проблемите кои се влечеле во текот на целата врска и само бараат логична причина за вашата одлука. Никогаш не размислуваат за суштинските проблеми, за она што всушност ве натерале вас да му раскинете.
Не зборуваат
Тие никогаш не зборуваат за крајот на врската. Дури ни со своите пријатели. Наједноставно решение за ние е да се повлечат во себе и да молчат.
Треба да помине извесно време пред да се почувствуваат подготвени да проговорат за тоа што се случило.
.gif)






















.gif)























