kuce_i_i_dava_poklonШто значат неговите подароци?
Дали неговиот подарок значи дека ве посакува или дека му се допаѓате?
42-181608105 Лоши причини за секс
Добро размислете пред да имате секс, бидејќи потоа може да биде доцна...
mu_se_smeska_od_alekuКако да го заинтригирате?
Што треба да направите за да го привлечете кон вас?
mit7 митови за мажите и сексот
Големи стапала = Голем пенис или мажите мислат на секс секои 7 секунди.

5 лаги за мажите и сексот


mu_stava_prst_vo_usta

Многу мажи ја сакаат предиграта. Ги сакаат допирите, сакаат да гледаат и да играат игри со кои се одложува сексуалното возбудување.

Различните разговори со пријателките и братучетките можат да не натераат да веруваме во некои лаги за мажите, кои само ќе не залажуваат и ќе не натераат различно да ги сфаќаме нашите партнери.

Затоа, ви нудиме неколку лаги, во кои треба да престанете да верувате.

Се палат само на секси долна облека

Секој маж има различен вкус. Секоја вечер во истата долна облека може да стане и здодевно. Ако секој пат менувате долна облека, може да си помисли дека секоја вечер е со различна девојка.

Покрај тоа, некои мажи сакаат да имаат секс со запалено светло, додека некои сакаат со придушено светло. Се зависи од него, но секако и од вас.

Никогаш не глумат оргазам

Погрешно! Тие исто така глумат оргазам. Тоа може да се случи кога се уморени, пијани или пак доколку имале секс веќе неколку пати во текот на денот.

Но, зошто го прават тоа? Од истата причина што го прави и жената - сексот да заврши без да биде повреден партнерот. Тие тоа го прават за да го заштитат егото на партнерот.

Секако, на мажите им е многу потешко да го одглумат оргазмот отколку на жените затоа што ќе имаат тешкотии да го скријат доказот, или пак она што го нема.

Не сакаат предигра

Многу мажи ја сакаат предиграта. Ги сакаат допирите, сакаат да гледаат и да играат игри со кои се одложува сексуалното возбудување. Можеби не ги сакаат толку многу еротските масажи, но верувајте дека оргазмот не е единственото нешто што им се врти низ нивната глава.

Додека мажите се помлади, секогаш преминуваат на работата затоа што се плашат од прерана ејакулација или пак дека многу брзо ќе ја изгубат ерекцијата.

Но, како стануваат повозрасни, така сфаќаат дека колку подолго предиграта трае, толку повозбудливо е на крај.

Имаат голем пенис, ако имаат големи стапала

Има и онакви девојки кои мислат дека големината на стапалата ќе каже многу за должината на еректираниот пенис. Но, тоа не е точно.

Многу истражувања покажуваат дека не постои никаква врска помеѓу големината на стапалата и големината на пенис во ерекција. Се што големите стапала можат да ви откријат е дека вашиот сексуален партнер носи големи патики и големи чорапи.

Секогаш се расположени за секс

Ова е лага што се провлекува во мислите на жените со векови. Зошто ги правиме мажите запалени тинејџери?

Доколку подобро размислиме, има многу причина за да не бидат расположени за секс. Колку пати ви се случило вам да не бидете расположена, само поради тоа што шефот денес ве карал или пак поради напорниот работен ден?

Истото може да им се случи и на мажите само што жените не сакаат да го прифатат фактот дека тие не се расположени и дека ќе бидат одбиени.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?