
Не се обидувајте да го контактирате и да сакате да излегувате заедно затоа што тоа нема да му биде пријатно на него.
Вашиот пријател е затрескан во вас, но вие едноставно не се гледате на никаков начин со него, освен пријателски. Ако успеете да се снајдете вистински во оваа ситуација, тогаш нема да го жртвувате пријателството.
Но, како да го сторите тоа? Како да му покажете дека не сте заинтересирана за него?
Употребувајте го зборот „пријател" често
Кажете му колку сте среќна што имате пријател како него, што го цените другарството со него. Колку повеќе го употребувате зборот „пријател" толку повеќе му покажувате дека не сте заинтересирана за него. На ваков начин нема да го повредите неговото его.
Заинтересирајте се за неговиот љубовен живот
Започнете да го прашувате што прави на љубовен план. Ако нема некоја посебна личност, понудете се вие да го запознаете со вашите сингл пријателки.
Престанете да му зборувате за интимните детали од вашиот љубовен живот, а кажувајте му како сте си поминале на состанок со некое згодно момче.
Бидете искрена
Ако по вашето однесување не сфати кон што целите, тогаш треба да бидете подиректна. Можете да му кажете дека би е пријатно во негово друштво, но дека сакате да остане само на тоа и дека немате никакви други чувства.
Ако ве запраша зошто не сте заинтересирана за него и што не ви се допаѓа кај него, не се трудете да му објаснувате затоа што тој не сака да знае.
Очекувајте да се однесува ладно
Што сфати за што станува збор, можеби ќе сака да биде извесно време сам и да не се дружите. Не се обидувајте да го контактирате и да сакате да излегувате заедно затоа што тоа нема да му биде пријатно на него.
Прашајте дали сака да разговара со вас, а доколку одбие, оставете го и почекајте тој сам да дојде кај вас.
Одржувајте нормална врска
Кога пријателството ќе продолжи, внимавајте како ќе се однесувате со него. Не значи дека тој ве заборавил па може да се шетате по градник пред него и да го допирате.
Сигурно не сакате да му се вратат сите чувства па да бидете принудени да го жртвувате другарството.
.gif)






















.gif)























