
Мажите често живеат во заблуда дека жените навистина сакаат да бидат со тие лоши момци. Да, паѓаме на нив, но само за кратко време.
Физичкиот изглед е она што најпрво не привлекува кај некоја личност. Мажите паѓаат на долгите коси, совршените облини, меката кожа..., додека жените се поразлични.
На што најчесто паѓаме ние? Кои особини ни се едноставно неодоливи?
Нозе
Додека мажите сонуваат за долгите нозе кај нивните партнерки, девојките сакаат мажи со кратки нозе.
Истражувањата велат дека фудбалерите се криви за овој фетиш кај жените. Ние сакаме мускули, а тие најдобро ќе се истакнат на пократки и јаки нозе кај мажите.
Белези
Белезите се знак дека мажите биле во некаква опасност штом добиле белег од нешто, а воедно ја симболизира и нивната храброст. Белезите од секогаш им биле привлечни на жените.
Доколку момчето има белег на градите, лицето или пак на грбот, тогаш тоа е знак дека тој е лошо момче, што е секако уште една од популарните женски фантазии.
Индекс на телесната маса
Истражувањата покажуваат дека овој индекс е особено важен кај жените. Тоа е поврзано со здравјето кај мажот и неговата плодност.
Добри момци
Мажите често живеат во заблуда дека жените навистина сакаат да бидат со тие лоши момци. Да, паѓаме на нив, но само за кратко време. Како што би рекле старите „додека да ни помине меракот!"
Во вистинскиот живот ситуацијата е сосема поразлична. Жените сакаат добри момци.
Чувствителноста, пристојноста, хуманоста и пожртвуваноста се дел од машките особини на кои сите девојки со сигурност ќе паднат.
.gif)






















.gif)























