
Честопати можат да се случат несреќи во кревет. Затоа, и двајцата треба едноставно да не се лутите еден на друг и да се смеете на незгодите што ќе ви се случуваат.
Кога станува збор за вашиот сексуален живот, многу мажи нема да ви откријат што конкретно сакаат. Тоа не значи дека не се задоволни од вашиот сегашен сексуален живот, но понекогаш постојат работи кои ги имале со поранешните девојки, а сега со вас не.
Се разбира, секој секс е индивидуална работа за паровите, но постојат неколку универзални работи за секој маж. Научете како да го задоволите својот партнер.
Што сакаат тие во креветот?
Да не мрднат со прст
Понекогаш се случува да сакаат едноставно да се опуштат и да ви ја остават сета работа на вас. Тоа е едноставно нивната најголема фантазија. Сакаат да лежат на креветот додека нивната партнерка ги задоволува и него и себе.
Девојки што знаат сами како да се запалат
Знаеме дека на многу девојки им треба време додека се запалат. Можеби не сте знаеле, но многу девојки сметаат дека нивното палење е работа на нивните партнери. Но, девојки верувајте! Вашите партнери нема да имаат ништо против доколку вие понекогаш го сторите тоа за себе. Има многу мажи кои сакаат да ја гледаат својата партнерка како го прави тоа.
Да бидете немирни
Многу девојки не сакаат да станат немирни во кревет затоа што се плашат дека повеќе нема да изгледаат како добра девојка пред својот партнер. Но, мажите токму тоа го сакаат. Пред сите други да бидете фина и добра, а во кревет со нив да бидете најпалавото девојче што досега го запознале. Затоа покажете му колку многу го сакате сексот и тоа сексот со него.
Да гледаат
За мажите, она што го гледаат е исто толку добро како и она што го доживуваат. Обидете се за време на секс да го одведете до огледало и да се гледате за време на акција. Верувајте дека и него ќе му биде убаво кога ќе види дека и вие уживате во тоа.
Да им кажувате што да прават
Кога станува збор за задоволување на своите партнерки, многу мажи посакуваат да имаат направа што ќе им кажува што е добро, а што не, како треба нешто да прават, а како не... Затоа, не би било лошо доколку ги упатувате кон тоа што ви одговара и што ве возбудува. Слободно може да му кажете што прави добро или да го потсетите за некоја техника што секогаш успевала за 2 секунди да ве возбуди.
Сексот да биде забавен
Честопати можат да се случат несреќи во кревет. На пример, да си ја удрите главата, да правите чудни звуци доколку некоја поза не ви одговара... Понекогаш токму тие можат да го уништат целото расположение и да престанете да го правите тоа што сте го започнале. Затоа, и двајцата треба едноставно да не се лутите еден на друг и да се смеете на незгодите што ќе ви се случуваат. Забавниот секс ја загрева атмосферата.
Ненадејно да добиете желба за секс
Нели би било возбудувачки за вас доколку една вечер додека се враќате дома, вашиот партнер застане на некоја чистинка и сака да има токму во тој момент секс со вас? Секако дека би било возбудливо! Зошто да не биде и за партнерот доколку вие му го направите ова?
.gif)






















.gif)























