
И кога тој редовно ни сервира романтика, ќе го обвиниме дека претерува.
Можеби обожаваат да го слушаат James Brown изведувајќи ја култната „It's a man's man's man's world“ и нивното его со брзина на светлината се искачува до плафонот, но веќе во вториот стих се открива и нивната романтична страна „Но тој не би бил ништо, ништо без жена или девојка со него."
Ахх тие мажи навидум толку едноставни, а сепак комплицирани суштества со кои сме „осудени“ да живееме до крајот на животот. Но и на нив не им е лесно...од една страна треба да бидат мажествени, а од друга страна нежни, треба да ни обрнуваат внимание, но не и да не гушат, треба да ни кажуваат дека не сакаат, но не и „те сакам" да наликува на „добро утро“ и да изгуби од значење. Да, и ние жените имаме предолга листа на барања, но зошто е толку тешко да се пронајде баш таа слатка, златна средина?
Во градот се оди од крајност во крајност, или наидуваме на мачо дечки чие име е надалеку прочуено, а една ноќ со вас им е повеќе од доволна или пак на оние фини непоправливи романтичари, спремни да ја исполнат секоја ваша желба и заповед. Првите се далеку од привлечни, барем за оние жени кои се ценат сами себе, а едновремено се доволно реални да не мислат дека токму тие се принцезата кој ќе го промени овој довчерашен „развратник“, додека пак вторите, послушните, стануваат досадни во најкус можен рок и од љубовници се претвораат во наши браќа.
И како сега да најдеме НЗС за сите наши критериуми?! Или можеби мажите ќе го чујат нашиот очајнички апел до нив и ќе постанат нашиот мистер совршен?
Но сепак подобро да ги зауздиме нашите барања и да не бараме сламка во куп сено. Па и не би било баш забавно цел живот да си ја пееме „All the single ladies“.
.gif)






















.gif)























