shh_mazШто нема да ви признае?
Кои работи никогаш нема да ги споделат со вас?
42-22790257Љубовта цвета, а сексот...хмм!!!
Сексуалната компонента во врската ни помага да останеме интимни и длабоко поврзани...
bestМажите - одлични пријатели!
Со своите отворени размислувања ви го сервира машкиот свет и сте чекор поблиску од Венера кон Марс.
man-woman-loveЗошто се плашат од сериозна врска или брак?
Која е причината за нивниот паничен страв од длабоки емоции и серизоно врзување?

Се држи за фустанот на мама - ќе се држи и за вашиот

mamaboy4

Години наназад ја гледале мајка си како комуницира и се поврзува со другите луѓе.

Секогаш кога ќе налетате на момче кое уште на првиот состанок ќе ја спомне „мама", минимум 2 пати, ви се ежи кожата и наеднаш деновите после тоа ви се крајно преокупирани со безброј други обврски. Говори за вкусното готвење на мајка си и брза дома да го завари топло... ваквите мамини синчиња знаат да ве извадат од кожа. Деновите по состанокот тонот на вашиот мобилен телефон е недоволно гласен за да го чуете, а за да возвратите на пропуштениот повик немате доволно кредит.

Но можеби и ќе го промените своето мислење кога ќе ги прочитате заклучоците од последните испитувања на државниот универзитет во Arizona кои дадоа резултат дека овие мамини синчиња се одлични партнери и супер материјал за брак.

Имаат подобри комуникациски вештини. Години наназад ја гледале мајка си како комуницира и се поврзува со другите луѓе, па со тоа многу е полесно да не се водат од машките стереотипи за агресивност и рамнодушност во врската.

Тие многу повеќе ги искажуваат чувствата и се повнимателни слушатели кога жената говори, ги има сите квалитети за кои мечтаевте да ги има вашиот партнер. Имаат поголема способност за емпатија со вас и вашите проблеми.

Уште подобро нивната отвореност и способност за внимателно слушање прават да располагаат со одлични вештини во креветот.

Многу почесто завршуваат во здрави, моногамни врски.

Но нивната репутација сепак не е залудна! Тие во животот сепак имаат блиска врска со друга жена (мајка си) која може да и ги истанчи нервите на секоја девојка или сопруга. Тоа можете да го пребродите само ако не ја гледате таа нивна врска како закана и мислење дека вашето момче има ограничена количина љубов и внимание, па ќе го потроши цело на неа.

Сепак мора да поставите граници!

Ако зборува со неа на телефон додека сте интимни или ви откажува планови за да ја види неа, мора да истапите и да кажете нешто. Покажете дека ви се допаѓа неговата поврзаност со родителите, но сепак вие треба да сте тим кој е на прво место. Потоа дадете предлог да и се јавува на паузата за ручек од работа и таа да не доаѓа кај вас кога поминувате време сами дома.

И додека повеќето од вас се воодушевени од момче кое ќе зборува за своите емоции, сепак ќе ви биде премногу ако маминото синче во него секогаш е на површината. Ако се дојде до горната граница, најдобро е да го поттикнете неговото маженствено однесување со некои изјави како тоа дека е многу секси кога го менува маслото на неговата кола, кога стои цврсто на своите ставови и слично. Ова ќе му даде на знаење дека колку што ја обожавате неговата емотивна страна, толку ја сакате и неговата машкост!

И за крај, секогаш избегнувајте го терминот мамино синче! Без разлика колку се емотивни, мажот сепак сака да биде маж. Многу момци знаат дека се мамини синчиња... и тоа е доволно засрамувачко за нив.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?