
„Нашите сомнежи ни се непријатели и се причина за загуба на многу нешта кои би ги постигнале доколку не се плашиме да се обидеме“
Но во последно време дури и овој не така сјаен пристап по скопските дискотеки не радува, бидејќи дури и тој е ендемски вид. Како да изумреа оние времиња кога мажите беа ловци, а вие пленот околу кој требаа да се трудат. Дали мама и тато ги научија да сркаат со златна лажичка и се да чекаат на послужавник?
Не дека не е убаво понекогаш и девојката да го направи првиот чекор, но некако како премногу да се потпреа на таа нова мода. Некогашните самоуверени ловци се претворија во несигурни мажи кои на маса мора да го стават новиот телефон или клучот со приврзок од јаката кола. Сами како да ја сведуваат својата машкост и квалитет на дебелината на својот џеб.
Но можеби и нив ги мачи суштината на овој цитат: „Нашите сомнежи ни се непријатели и се причина за загуба на многу нешта кои би ги постигнале доколку не се плашиме да се обидеме“- Шекспир („Мера за мера“)
Затоа девојки време е за црвена тревога!
Можеби токму вашиот груб начин на одбивање на момчето кое собрало храброст и ви пришло во дискотека минатиот викенд, го обесхрабрило овој викенд да и пријде на девојката која му се допаѓа.
Да, сфаќајте ги како комплименти сите понуди за љубов и пријателство, но не бидете немилосрдни кон оние кои и не ви се така омилени, затоа што утре токму вие ќе говорите денешните момчиња престанаа да се пуштаат на девојки, ќе се соберат само машко друштво, пивото во рацете, изгледа како да станале љубители на својот пол.
И да не е мистер на Македонија, момчето кое собрало храброст да ви пристапи и ве одбрало токму вас од сите девојки таму заслужува културно да му одговорите и да издвоите 2 минути од вашето време. Никој не вика дека треба да му го дадете телефонскиот број, но 2 минути од целовечерната забава сигурно и не се некоја голема жртва за бодрење на машкиот пол повторно да лови како некогаш, а во некоја од наредните вечери да се најдете во прегратките на оној кому одамна се смешкате.
.gif)






















.gif)























